18 Мај, 2024
0.0260

Додека се на сила мерките за коронавирусот сметки на ЕВН може да плаќате само онлајн

Објавено во: Мои пари 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Со цел делување во насока на спречување на ширењето на корона вирусот и согласно мерките и препораките на Владата и Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН презема дополнителни мерки за заштита на корисниците и вработените. 

Додека трае вонредната состојба нема да работат приемните канцеларии во сите Кориснички енерго центри на ЕВН, како и Инфо центарот во Скопје. Корисниците во овој период треба да ги користат онлајн услугите на ЕВН и во случај на итност телефоните за контакт во секој Кориснички енерго центар. На порталот www.evnonline.mk, корисниците може да се пријават за електронска фактура и брзо да платат фактури без да се регистрираат. Со регистрација на профил достапни се и услугите: проверка и плаќање на долгови, преземање на копии од фактури од последните 12 месеци, увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил и барање потврда за успешно плаќање.

„Во периодот додека на сила се вонредните мерки нема да се изведуваат нови приклучоци освен оние кои се неопходни да се реализираат. Нема да се отчитуваат мерните места најмалку еден месец, поради што корисниците ќе добијат сметки со проценети вредности, слично како во летниот период (просек од потрошувачката во последните 12 месеци). По завршување на вонредните мерки, со следното отчитување ќе се израмнат евентуалните отстапувања направени при проценка на потрошувачката.

Функционирањето на ЕВН е од национален интерес, а тоа е да се овозможи непреченото снабдување со електрична енергија како и одржувањето на потребната инфраструктура и сервисирање на неопходните услуги на корисниците. Токму затоа сите мерки во овој момент се насочени кон непречено функционирање на тимовите на ЕВН, на заштитата на корисниците и вработените од ширење на вирусот корона.

Ги замолуваме корисниците овие мерки и препораки да ги разберат како заеднички придонес кон заштита на здравјето. Ова е неизбежно за да останеме сите заедно во добро здравје и заедно да ја надминеме оваа состојба“, соопштија од оваа компанија. 


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата