ДОДЕКА СИТЕ СПИЈАТ, СКОПЈЕ СЕ ТРЕСЕ: Ноќеска регистриран земјотрес!
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016
Ноќеска Сеизмолошката опсерваторија во главниот град регистрирала слаб земјотрес.
Тлото во Скопје не престанува да се тресе после серијата земјотреси кои минатиот месец ја затресоа метрополата.
Земјотресот кој бил забележан ноќеска шест минути после 1 часот имал јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала и бил регистриран во источниот дел на скопското епицентрално подрачје.
Последниот посилен земјотрес кој го почуствуваа граѓаните на главниот град се случи во вторникот кога беше со јачина од 3.1 степен според Рихтер.
Утрово земјотреси и во Хрватска и Србија
Земјотрес од 4.4 степени го погоди претпладне Славонски брод во Хрватска, а истиот е почувствуван и во Србија. Потресот е почувствуван околу границата, во околината на Шабац, но и во Белград. Хрватските медиуми пишуваат дека земјотресот е највеќе почувствуван во Ѓаково. Тој се случил во 11.25 минути. Медиумите во Хрватска наведуваат дека се работи за умерен потрес.