Добивај вести на Viber
Три години по усвојувањето на Законот за легализација на бесправно изградени објекти, во Македонија се издадени вкупно 100.000 решенија за легализација. Стоилјадитото решение го доби Раде Радевски од општина Кисела Вода, чија куќа стара 38 години конечно доби имотен лист.
„Ова значи дека во Македонија се веќе процесирани една третина од вкупно поднесените предмети за легализација што е добар напредок на процесот“, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Од 13 август годинава дополнително се намалени цените на геодетските елаборати - новата цена на објекти од 100 квадратни метри е 3.688 денари за разлика од претходно кога беше 4.100 денари, за објект од 300 квадратни метри - 7.332 денари, наместо 8.000.
Од неодамна, овозможено бесплатно изготвување геодетски елаборати за корисниците на социјална помош.
„За 14 дена се поднесени 120 барања од лица корисници на социјална помош и тие моментно се обработуваат“, вели Јанакиески.
Рокот за легализација на дивоградби истекува на 31 декември 2015 година.