13 Мај, 2024
0.0249

Дојче банк планира кратење на уште 10 000 вработени

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Минатиот месец финансискиот директор на Дојче банк,  Маркус Шенк изјави  дека кратењата на работни места во банката можат да надминат двојно од досега планираното. 

Тоа значи отстранување дополнително на уште 10 000 вработени, објави агенцијата Ројтерс. 

Иако засега не е донесена ваквата одлука, изјавата на Шенк сигнализира дека водечкиот германски кредитор размислува за понатамошни значителни намалувања на трошоците. 

„Маркус Шенк објави дека банката ќе треба да скрати уште 10 000 вработени, за да ги намали трошоците" - посочи неименуван извор на Ројтерс, кој присуствувал на состанокот со главниот финансиски директор. 

Во оваа фаза од Дојче банк одбиваат да  ги коментираат информациите.

Европската централна банка  смета дека трошоците на Дојче банка се прекумерни.

Ако уште 10 000 вработени ги загубат своите работни места, откако пред една година (во октомври 2015-та) Дојче банк објави дека има намера да го намали персоналот со 9000, тоа би значело дека ќе биде засегната речиси една петтина од работната сила на најголемиот германски кредитор.

Во меѓувреме политичарите во Германија, кои се подготвуваат за претстојните парламентарни избори во 2017 гоидна, ги следат со загриженост случувањата со Дојче банк. 

Можеби ќе ве интересира

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?