07 Мај, 2024
0.0272

„Дојче Банка“ на чекор до сомнителни трансакции за 10 милијарди долари во Русија

Објавено во: Економија, Свет 22 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Најголемата германска банка „Дојче Банка“ идентификувала сомнителни трансакции во вредност од 4 милијарди долари, кои се однесуваат на Русија во прилог на сомнителни комерцијални трансакции за 6 милијарди долари, кои веќе се испитуваат, велат неколку извори запознаени со прегледот кој го врши банката.

Тоа значи дека во прашање се операции за 10 милијарди долари, кои можеби не биле проверени за перење пари, кога клиентите ги увезувале износите од Русија. Меѓу неидентификуваните пред се зделки се оние кои постојано биле во иста насока - главно купување на налози.

Најголемиот германски кредитор ги споделил овие откритија со меѓународните власти во септември, тврдат луѓе запознаени со извештајот на банката. И предходно имаше шпекулации дека обвинителите во САД проверуваат дали начинот на кој „Дојче Банка“ ги третира ваквите трансакции и ги нарушува мерките против перењето на пари во САД. Властите во земјата, исто така биле свесни за дополнителните сомнителни трансакции.

Руската централна банка и наметна мала парична казна на „Дојче Банка“  (5000 долари), откако трагаше по некои од операциите во земјата, но истрагата на американското Министерство за правда продолжува. Ако се открие прекршување на прописите, целиот износ на трансакциите ќе биде фактор во одредувањето на крајната казна. Од Министерството одбиле да го коментираат случајот.

Внатрешниот преглед на „Дојче Банка“ , одржан во последната година, доаѓа во време на други истраги. Банката плати околу 2,75 милијарди долари за кршење на санкциите и за манипулација на каматните стапки. Таа е под истрага во САД и за потенцијална манипулација на девизниот пазар и цената на металите.

Првите индикации дека банката ги истражува руските операции се од јуни, кога стана јасно дека се испитуваат неколку години - од 2012 на таканаречени сомнителни трансакции- кај кои клиентите купуваат акции во Русија и истовремено продаваат слични акции во странство во странска валута. Така се воспостават и останатите трансакции за 4 милијарди долари. Некои од нив биле поврзани со истите сметки, кои имаат корист од сомнителни трансакции.

Во октомври банката рече дека нејзиниот преглед на руските операции покажал нарушување на нејзините внатрешни политики и пропусти во контролата. Таа објави дека се зголемени резервите за судски бенефиции со 1,2 милијарди евра, главно, за да покрие потенцијални обврски поврзани со руските операции. Банката одби коментар за поширокиот обем на трансакции. Портпаролот Аманда Вилијамс повикувајќи се на интерен извештај од октомври, откри дека банката истражува "значителен" волумен трансакции со хартии од вредност од нејзините клиенти во Лондон и Москва.

Внатрешната истрага на операциите со Русија започнаа откако централната банка на земјата замолила во октомври 2014 година да ги прегледа сметките на неколку клиенти. Сомнителните трансакции опишани од руската банка, вклучуваат клиенти кои купувале руски акции за рубљи во Москва и истовремена продажба во Лондон, обично за долари. Иако се легални во некои околности, овие зделки може да се користат за заобиколување на правилата за известување на големи меѓународни парични текови.

За некои од средствата во овие сметки се смета дека припаѓаат на блиски до рускиот претседател Владимир Путин, велат извори запознаени со темата, пред Bloomberg. Тие вклучуваат роднина на претседателот и двајца од неговите најблиски пријатели - Аркадиј и Борис Ротенберг. Нема индикации дека Ротенберг или некој од останатите поврзани со сметките се испитуваат за нив. Претставник на браќата повторил на 21 декемеври, дека тие не се вклучени во такви зделки. Портпаролот на Кремљ одбил коментар на овие "неосновани тврдења".

Можеби ќе ве интересира

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

КАКО СЕ ПРАВИ ЧИСТ ПРОФИТ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА САМО ТРИ МЕСЕЦИ - рецептот го има прилепска компанија со странски газди

КАКО СЕ ПРАВИ ЧИСТ ПРОФИТ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА САМО ТРИ МЕСЕЦИ - рецептот го има прилепска компанија со странски газди

Државно претпријатие направи добивка од 100 милиони евра и ја зголеми просечната плата за 100 евра

Државно претпријатие направи добивка од 100 милиони евра и ја зголеми просечната плата за 100 евра

ДРЖАВИТЕ ДА ПРАВАТ РЕЗЕРВИ ЗА КРИЗНИ ПЕРИОДИ – што научивме од последователните кризи, каде да се насочат „силите“ во иднина

ДРЖАВИТЕ ДА ПРАВАТ РЕЗЕРВИ ЗА КРИЗНИ ПЕРИОДИ – што научивме од последователните кризи, каде да се насочат „силите“ во иднина

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји