24 Ноември, 2024
0.0270

ДОКТОРКАТА ПО ВОЗДУХОПЛОВНА МЕДИЦИНА СЕГА СЕ ВИВНУВА ВО НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ: Интервју со д-р Ирина Бухова, директорка на ДСЗИ

Објавено во: Македонија, Интервјуа 26 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Државниот санитарен и здравствен инспекторат од почетокот на епидемијата на корона кризата во Македонија вложуваше максимални напори, а инспекторите на ДСЗИ, сосема исто како и останатите здравствени работници, вложуваа натчовечки напори да одговорат на сите барања. Во денешното интервју за Фактор, директорката на ДСЗИ, д-р Ирина Бухова вели дека има денови кои никогаш нема да ги заборават, особено кога морале да предадат и по повеќе од 1.000 решенија за излоација на заразени и нивни контакти. Сепак, како што посочува, вработувањата на инспектори во последните неколку години, создадоа од инспекторатот одржлива и функционална институција, која секако во иднина би можела успешно да се справи и со евентуално новиот, четвртиот најавуван бран на Ковид-19. Пред директорката на ДСЗИ, Бухова стои и еден нов предизвик. Таа е една од кандидатите за градоначалник на СДСМ за Општина Центар и како што нагласува во интервјуто, целосно е подготвена да придонесе и на други полиња.

Дали предизвикот со корона кризата и ангажманот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е зад вас или сега ќе се соочувате со уште еден посилен ангажман, особено поради најавите и во светот, за жал и кај нас, дека со невидена жестина ќе удри и четвртиот бран на Ковид-19?

Д-р Ирина Бухова: Не би можело да се каже дека предизвикот е завршен, можеби треба да кажеме дека тој предизвик што беше и кој ДЗСИ успешно го помина, дава една добра основа да кажеме со сигурност дека каков и да биде тој најавуван четврти бран, кој се надеваме дeка кај нас ќе биде со многу послаб интензитет, отколку претходните, сега Државниот здравствен и санитарен инспекторат е спремен да го прифати и да го реализира, односно да ги надмине сите предизвици кои може од него да произлезат.

Цела година и пол се справувавте со разни проблеми, можете ли да посочите што ви беше најтешко, особено кога беа пиковите во изминатите три брана, односно кога имавме стотици заразени и преполни болници.

Д-р Ирина Бухова: Тоа беше исклучително тежок период. Ако говориме приватно, најтешко ми беше чувството на тага за секој починат пациент. Ако говориме професионално, вака ќе ви кажам. И покрај добрите инспектори кои ДСЗИ ги има и кои максимално се вложија во тој период, самата бројка над 300.000 издадени решенија на позитивни и контакти, кажува дека периодот кој сега е зад нас, оставил траги и врз работата на инспекторатот. Имаше мачни моменти, имаше тешки моменти од аспект на физички напор, бидејќи имаше денови кога имавме над 1000 решенија кои моравме да ги испратиме во рок од 24 часа, било да се позитивни или контакти. Сето тоа бараше вонреден напор и ангажман, сите вработени, секако, најмногу инспекторите во тој период, како и сите здравствени работници, вложија натчовечки напори. Имаше и незадоволни странки, а секој пат ќе ги има затоа што темпото на работа бараше 24 часовно ангажирање. Секако дека не може да бидат задоволни сите граѓани. Ние извлековме поука од тоа и сега знаеме како да се поставиме и да го менаџираме евентуално некој нов бран кој искрено се надевам нема да биде од таков обем. Во еден период, Владата ни овозможи помош од вработени од општините и од Генералниот секретарјат кои ни помагаа, но мора да се каже дека ДСЗИ со помалку од 40 инспектори за цела Македонија ја изнесе целата работа максимално професионално.

Во изминатиот период не беше тајна дека Инспекторатот се соочува со кадровски проблеми. Вие практично го подмладивте и го направивте одржлив и за во иднина. Што конкретно направивте за да функционира како што треба и како што се очекува од оваа институција?

Д-р Ирина Бухова: Од 17. јуни 2014 година ДСЗИ има својствено правно лице, а дотогаш е во состав на Министерството за здравство. Во овој период, односно од 2014 до 2017 година кога дојдов јас, немаше ниту едно вработување на инспектор. Нема вработувања ниту во претходните неколку години, значи пред 2014 година, така што го затекнав Инспекторатот со бројка која беше скромна. За разлика од тогаш, во овој период има 16 вработувања од 12 се инспектори и 47 унапредувања во рамки на самиот Инспекторат, од кои 34 се инспектори. Тоа значи дека инспектори кои ги затекнав на најнизок степен од скалата на инспекторати по овластувања, и кои осум години работеле, а ниту еднаш не биле унапредени. Првата година, односно 2018 ги унапредивме сите 13. Тие веќе беа способни да работат и посериозни предмети, значи не нан најниското ниво. Понатаму, како одминуваше времето и се задоволуваше критериумот за унапредување на административни службеници, бидејќи инспекторите иако се докотри, влегуваат во групата на административни работници, после две години на едно работно место, многумина од нив се унапредени директно во самостојни инапектори. Заначи, од расположивите инспектори кои ги имав, сите се унапредени до степен кој го дозволува ситемот на административни унапредувања. Тоа значи, дека ако не беа преземени сите овие чекори Инспекторатот во догледно време ќе останеше без иснпектори. ДСЗИ е специфична институција, иснпектори може да бидат само доктори на медицина и стоматолози, а во ова време кога нема доктори за работа во ординации, во клиники, многу е тешко да се овозможи кавлитетен кадар које дипломиран доктори по медицина или стоматолог, а сака да биде инспектор. Овие 13 вработувања многу ми значат. Тоа е една добра основа, и тие понатаму да се унапредат и да ги заменуваат тие што ќе заминуваат во пензија. Мојата цел е Инспекторатот постојано да се подмладува со нови кадри, да се едуцираат во одреден временски период за да може да одговорат на барањата. ДСЗИ постапува по повеќе од 23 закони. Тоа е навистина голем обем на работа. И бидејќи сме далеку од европскиот просек по вработувања, во планот за 2022 повторно е планиран поголем број вработувања, секако со поддршка на Владата.

Морам да ве прашам...на еден ваков Ваш силен ангажман, дали сте подготвени да го оставите ДСЗИ и да преземете градоначалничка функција, бидејќи вие сте еден од седумте кандидати на СДСМ за Општина Центар.

Д-р Ирина Бухова: Моето долгодишно искуство ми дава за прво да кажам дека можам да придонесам и на други полиња. Јас долги години пред се сум лекар, специјалист по интерна медицина, како и по воздухопловна медицина. Сум излекувала многу луѓе, сум помогнала на многу деца. Тоа што го имам во себе како порив, го давам во ДСЗИ, секако дека можам уште повеќе, но сега можам да го дадам на целата Општина Центар, онаму каде што живеам. Имам визија, во себе носам позитивен дух, а колку сакам оваа општина да биде млада и да движи, би покажала на лице место. Инаку, предлогот дојде од граѓани од Месната заедница каде што живеам кои се голема група мои пациенти. Изненадување беше и за мене, тоа не е само моја кандидатура, туку предлог од граѓани од Опшитна Центар. Каков и да е исходот од изборот меѓу нас седумина, за мене е прифатлив. Јас може да придонесам каде и да сум.

И за крај, важно е вашето мислење како лекар. Постои ли опасност бројките на новозаразени драстично да се зголемуваат пред се заради делта варијантата која веќе е доминантна во светот и дали би се случило наскоро Македонија повторно да биде ставена на црвената листа, како земја со висок ризик на зараза со корона вирусот?

Д-р Ирина Бухова: Засега бројките покажуваат стабила епидемиолошка состојба. Секојдневно ја следиме и состојбата во опкружувањето, во соседството. Гледаме дека има зголемување на бројките, но тоа што е утешително е дека нема зголемен број на хоспитализации и нема тешки клинички слики. Каков ќе биде тој нов бран во периодот коиј ни претстои, моногу зависи прво од вакцинацијата која добро се одвива во овој момент, но зависи и од нашата дисциплина. И покрај тоа што се укинати сите мерки, мора сите да бидеме внимателни. Каква ќе биде епидемиолошката крива во август и во месеците потоа, во голема мера зависи од самите граѓани. Засега не се потребни никакви мерки, бидејќи бескарјно не можеме да живееме затворени и со ограничувања. Тоа секако, како лекар мора да напоменам, ќе остави и други последици. Инаку, олабавувањето на мерките ми го донесе семејството дома и времето кое сега го поминувам со внуката е драгоцено. Бакнежите и прегратките кои беа само преку монитор, сега се вистински...

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип