Долче и Габана обвинети за криење 400 милиони евра данок
Објавено во: Свет 04 Декември, 2012 11:00
Пред судот во Милано во понеделник ќе се појават Кралевите на стилот Доменико Долче и Стефано Габана, но не за да презентираат нова модна линија туку ќе одговараат по повод обвинението за затајување 400 милиони евра данок.
Познатата креаторска двојка, кои меѓу клиентите и пријателите ги вбројуваат и ѕвездите како Анџелина Џоли, Скарлет Јохансон, Моника Белучи и Наоми Кембел, наводно се обиделе да избегнат плаќање данок така што своите брендови „D&G“ и „Dolce&Gabana“ ги продаделе на холдинг компанијата „Гадо“, основана во 2004 година во Луксембург, каде даноците се помали.
Истражувачите тврдат дека претпријатието е продадено по цена од 360 милиони евра, што е околу третина од нивната пазарна вредност.
Креаторите одлучно ги отфрлаат обвриненијата, истакнувајќи дека тие се апсурдни и засновани на „целосно апстрактни калкулации“ на пазарните вредности на нивните компании. Доколку се докаже дека обвиненијата се оправдани, на двајцата деловни партнери им се заканува казна затвор до пет години. Како што соопшти Обвинителството, во случајот се вмешани уште пет лица, вклучувајќи го и даночниот советник.
Познатите креатори на Твитер примале пораки на поддршка од своите обожаватели, но некои Италијани тврдат дека не требало да ја преселат фирмата во странство.
Можеби ќе ве интересира
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност




