03 Мај, 2024
0.0268

Домашниот буџет најголем странски инвеститор

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Во првиот квартал од годинава падот на странските инвестиции е незначителен во однос на истиот период од минатата година. Но, ако се анализираат последните шест години, се забележува дека овие три месеци од годинава, странските директни инвестиции се на најнискко ниво од 2011 година па досега.  Најдобри резултати, во прв квартал има остварено во 2011 и 2014 година, додека најлошиот квартал е во оваа година. Новите странски инвеститори се воздржуваат од вложувањата во земјава поради политичката неизвеснот. Странски директни инвестиции во прв квартал во последните шест години  
  • Прв квартал 2016                   58,7 милиони евра
  • Прв квартал 2015                   64,0 милиони евра
  • Прв квартал 2014                   94,5 милиони евра
  • Прв квартал 2013                   83, 2 милиони евра
  • Прв квартал 2012                   82,4 милиони евра
  • Прв квартал 2011                   197,9 милиони евра
Од друга страна, домашниот бизнис сектор, со години бара од власта да каже колкави суми за субвенции троши за странските инвеститори кои инвестираат во слободните економски зони. Но, засега тие бројки остануваат тајна. За аналитичарите недостатокот на фискална одговорност е причината зошто државата ги крие податоците во врска со „цената на чинење“ на странските директни инвестиции. Но, сметаат дека ако се има во предвид владиниот став, да се промовира секој успех тогаш логично следи заклучокот дека политиките со субвенционирање на странските директни инвестиции не се за фалење. „Се наметнува заклучокот дека домашниот буџет е најдобар странски директен инвеститор,вели Павле Гацов од Здружение на даночни експерти. Домашниот бизнис сектор смета  дека Владата последните години работи помалку транспарентно во речиси сите сегменти така што (не)објавувањето на сумите за субвенции на странските инвеститори се во линија на оваа пракса. „Кај овие податоци, се чини дека Владата има повеќе дополнителни причини да не објавува. Една од најважните е тоа што домашниот бизнис, тој реалниот што се се соочува со секакви предизвици и притисоци, може да реагира бурно бидејќи со години се бара од Владата да постои еднаков третман на домашните и странските компании и инвеститори, вели Венко Глигоров, бизнисмен. Заради регионалната трка за привлекување на странски инвеститори потребно е нивно стимулирање, но исто така потребно е и врзување со различни услови за поврзување со домашните компании, со број на вработувања, со нето извоз, интегрирање со домашни бизниси,, трансфер на know-how. Токму, објавувањето на износот на поединечната доделена помош ќе овозможи анализа за остварената успешност, а со тоа и оправданост на инвестицијата. „Да не се заборави дека со парите на „домашните даночни обврзници“ се стимулира профитабилноста на „заштитените со закон“ странски компании. Затоа и вистинските инвеститори - македонските даночни обврзници бараат отчет за потрошеното и оствареното во проектот привлекување на странски директни инвестиции, додава Гацов. Стопанствениците сметаат дека не е за занемарување и праксата на Владата да одвојува дополнителни износи за одредени проекти многу поголеми од иницијалните предвидени. Но, тоа што владата законски се осигурала ека не треба да ги објавува сумите, е сосема погрешна политика. „Не би навлегувал и во шпекулациите дека ако нешто се крие од јавноста најчесто тоа е предмет или поврзано со коруптивни дејности, вели Глигоров, и додава дека независно дали Владата се осигурала законски дали треба да ги објавува износите или не треба, потребно е да комуницира со јавноста и да објавува колку и како се делат овие наши средства на странските инвеститори. Сепак се посочува дека со давањето на целосните информации, наместо да се кријат,  Владата  може да добие корисни информации од јавноста, и критики, и соодветно на тоа да превземе дополнителни чекори за да може да ги максимизира резултатите од своето работење. Па дури и да прекине со субвенциите таму каде што повратот за Македонија е мал или никаков. „Многу поверојатно е дека оваа пракса ќе почне да се  применува од некоја друга Влада бидејќи оваа по се’ изгледа е во заминување без изгледи и напори да сработи повеќе во корист на реалната економија, вели Глигоров.   Пред десетна дена беше објавен извештајот за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата, каде износите за субвенции што ги добиваат странските компании, останува тајна, наведени беа само називите на компаниите кои добиле субвенции. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија