16 Мај, 2024
0.0313

„Domino’s“ воведува новитет: Порачајте пица, дрон ќе ви ја донесе дома

Објавено во: Стил 25 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Ланецот на пицерии „Domino's“ планира да стане прва компанија во светот која ќе воведе комерцијална услуга да доставуваат пици со дронови.

Компанијата денеска извела демонстрација на достава на пица со беспилотно летало во новозеландскиот град Окланд, после што соопштила дека планира да стане првата фирма во светот која ќе воведе услуга на достава на порачки со дрон во редовната понуда до крајот на оваа година, извести Ројтерс.

Дронот е развиен во соработка со американската фирма Флирти и е дизајниран така да на купувачите им ја спушта пицата со посебна сајла. Ќе може да лета со брзина од 30 километри на час на височина од околу 30 метри.

Поедини најголеми светски комапнии како Амазон и Гугл планираат исто така да воведат испораки на производи со дронови, поради што воздухопловните власти во САД, Британија, Австралија и на Нов Зеланд го ублажуваат законското ограничување како би овозможиле испораки по воздушен пат.

Нов Зеланд, развиена, но релативно ретко населена земја без големи времески непогоди, е идеална за тестирање на комерцијални употреби на дронови.

Domino's, ланецот на пицерии со седиште во САД ја разгледува можноста за тестирање на дронови и во Австралија, Белгија, Франција, Јапонија и Германија. Македонија уште не е на листата на земји каде овој ланец ќе тестира употреба на дронови.