08 Мај, 2024
0.0258

Донациите на Заеви влегоа во затворите и притворите

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

„Сите заедно можеме”, граѓанското здружение зад кое стои како покровител семејството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, соопшти дека започна со реализација на хумана помош за граѓаните кои се наоѓаат во Казнено поправните домови и установи.

Ова е нова фаза во работењето на организацијата, после акциите за донација на хуманитарни пакети за ранливите групи граѓани. Хуманитарната помош вклучува пакети со средства за лична хигиена и одредена количина прехранбени производи.

– Нашата цел е да опфатиме што повеќе Казнено поправни домови и установи. Солидарноста и меѓусебното помагање се нашата водилка. Тука сме за сите граѓани, тука сме да помогнеме. Знаеме дека државата обезбедува услови за овие наши сограѓани, но сметаме дека во ова време помошта им е неопходна и на нив, гласи во соопштението.

Полиција на крајот од април упадна во магацинот каде што се пакуваат производите што ги донира семејството Заеви барајќи документи за потекло на стоката, за што СДСМ го обвини техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека работи под диктат на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Изминатиопт период „Сите заедно можеме“ беше цел на жестока критика кај опозицијата, која тврдеше дека со овие пакети Заев ги поткупува гласачите предизборно.


Можеби ќе ве интересира

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач