02 Мај, 2024
0.0281

Донесен законот за инвестиции, Анѓушев задоволен

Објавено во: Финансии 03 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Собранието на Република Македонија денеска на првото продолжение на 45. седница го донесе Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев образложувајќи го законот рече дека тој ќе биде на задоволство на целокупната економија во Македонија. Овој закон, како што рече, е плод на многу дискусии во државата, на повеќе анализи направени во државата, пред се од Светска банка, од стопанските комори, од Виенскиот економски институт и сите тие се земени предвид и се обидовме да направиме сет на мерки кои ќе бидат максимално транспарентни и поддржувачки за сите. 

Додаде дека овие мерки се поддржувачки подеднакво за домашни и за странски инвестоитори, кои со овој закон се изедначени.

- Аплицирањето за овие мерки е транспарентно и во соогласност со одредени критериуми. Се работи за компании кои задоволуваат два основни критериуми - да иматат пораст на приходите во тековната година во споредба со претходните три години и второ, тие компании да не намалуваат број на вработени, освен во текстилната и кожарската индистрија каде овие критериуми ги олабавивме за да може тие индустрии да бидат опфатени, рече Анѓушев. Тој информира дека единствени корисници на овој закон ќе бидат компании кои се производно ориентирани. Се дефинира дополнително дека таму каде што се добавувачи се мисли на производители и никој не мисли на трговци. Во законот ќе има доволно средства за сите компании кои ги задоволуваат критериумите, а тоа е направено врз база на математички модел и врз симулација која е прецизно направена од надворешни личности. Законот е максимално компатибилен со Законот за државна помош - рече Анѓушев.

Анѓушев потенцира дека никој во Владата не е против странските инвеститори, но оти не се согласуваат со начинот на кој претходно се трошени парите за поддржување странски инвеститори. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци