Добивај вести на Viber
Во првите седум месеци од годинава граѓани украле 12 блокатори поставени на тркала за непрописно паркирање, информира Јавното претпријатие „Градски паркинг“ - Скопје. Од 2010 година кога првпат беа воведени блокаторите украдени се вкупно 121.
Од Јавното претпријатие се сомневаат дека блокаторите ги крадат граѓани кои сакаат да се спасат од казната за непрописно паркирање. Тие го заменуваат тркалото на кое е поставен блокаторот со ново и го напуштаат паркингот.
Од ЈП „Градски паркинг“ - Скопје апелираат до граѓаните да ја чуваат и да не ја оштетуваат опремата на јавното претпријатие и да ги почитуваат правилата за паркирање на зонските паркиралишта.