02 Мај, 2024
0.0272

ДОСИЕ АКТОР: Аферата одекна во „бомбите“, недоволно „провокативна“ за Зврлевски, кулминација со милионска казна

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

„Од десната страна на реката Вардар, на потегот од Демир Капија до Смоквица, ќе се гради нов автопат. Оваа нова делница на автопат, што претставува дел од Коридорот 10, Владата во 2007 година ја дефинираше како приоритетна, чија изградба ќе стартува кон средината на 2008 година. Автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе биде во должина од 26,8 километри и ќе чини 155 милиони евра“.

Вака одекна веста за еден од можеби најголемите инфраструктурни проекти во земјава, но неминовно и најконтроверзни. Штрајкот на градежните работници за платите изгледа не успеа да го отплетка и дополнително го замрси клопчето околу изградбата на трасата на која возачите ќе минуваат под два километарски тунела и по најдолгиот мост во Македонија.

АФЕРАТА „АКТОР“ ЈА ИМА ВО „БОМБИТЕ“, А ТРИ ГОДИНИ Е ВО ФИОКИТЕ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО 

Во 2014, опозициската СДСМ објави документи, според кои, во 2013 и 2014 година од банкарски сметки на „Актор“ во македонски банки незаконски била извлечена готовина во висина од над 3,5 милиони евра. Партијата тогаш објави дека станува збор за добро разработена шема. Имено, секој месец големи групи грчки државјани со автобуси биле носени во Неготино, каде од локалната филијала на Стопанска банка Скопје ваделе пари, кои претходно градежната компанија им ги префрлала на име хонорари. Обвинувањата беа дека станува збор за лица кои на никаков начин не биле ангажирани на автопатот Демир Капија – Смоквица и дека парите воопшто не ги изнесувале од Македонија туку ги предавале веднаш откако ќе ги изваделе од банката. Во март пред три години, лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека дел од прислушуваните материјали се однесуваат токму на аферата „Актор“. Тогаш го повика јавниот обвинител Марко Зврлевски да се произнесе за случајот, а во спротивно се закани дека ќе ги објави т.н. „бомби“. Иако аферата предизвика голем интерес во јавноста, не беше доволно провокативен за Јавното обвинителство да открие во чии џебови завршувале овие пари. Тоа, во април 2014, одлучи да не отвори истрага. Само најави дека и натаму ќе продолжи да прибира доказен материјал, со што не ја исклучи можноста во иднина да биде отворен случај за аферата „Актор“. Како дел од истрагата, по барање на Управата за финансиско разузнавање, беа блокирани сметките на две фирми, но за кусо време истите беа одблокирани. Сепак, иако од тогаш поминаа повеќе од три години, а само штури информации може да се добијат во врска со случајот .

Од Јавното обвинителство вчера рекле дека до нив стигнало известување од Европската канцеларија за борба против финансиски измами, кое потврдува дека постојат такви индиции против АКТОР.

„До овој момент има пристигнато само известување од Европската канцеларија за борба против финансиски измами (ОЛАФ) дека истрагата е завршена и дека постојат индиции за сторени кривични дела и резултатите од нивната истрага се доставени до надлежните органи на Република Грција, но истите не се доставени и до Република Македонија.“ – велат од обвинителството.

ЕУ СЕ СОМНЕВАШЕ ДЕКА ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ ЗА АВТОПАТОТ СЕ ЗЛОУПОТРЕБЕНИ, ИСТРАГАТА КУЛМИНИРАШЕ СО КАЗНА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

Не е тајна дека и Европската Унија по сомневањата во јавноста во Македонија и Грција се заинтересира за тоа како се трошеле парите за изградба на делницата, која треба целосно со автопат да ги поврзе северната и јужната граница на Македонија, долж Коридорот 10. Европската канцеларија за истраги на измами со европските фондови ОЛАФ во 2015 потврди дека се води истрага во Македонија, а сите сомнежи укажуваат дека се работи токму за аферата „Актор“. Тоа е апсолутно логично ако се има предвид дека од 257 милиони евра, колку што чини изградбата на автопатот, 45 милиони се грант од европските ИПА фондови. Уште 200 милиони евра се заем од Европската банка за обнова и развој (EBRD) и Европската инвестициска банка (EIB), додека од државниот буџет директно се одвоени само шест милиони евра. ОЛАФ во земјава побарала соработка со повеќе институции, а според информациите во дел од медиумите, и биле доставени документи од Финансиската полиција. Тогаш европскиот посредник во преговорите за политичката криза, Питер Ванхауте посочи дека има „свиркачи“ кои се подготвени во Брисел да сведочат дека 40 отсто од ИПА фондовите во Македонија се злоупотребуваат. 

Како што објавивме вчера грчките медиуми „Прототема“ и „Катимерини“ пренесоа дека Европската агенција за борба против корупција (ОЛАФ) и напишала казна од 50 милиони евра на грчката компанија „Актор“.

ИСТРАГА И ВО ГРЦИЈА, ГАЗДАТА НА АКТОР БЕШЕ УАПСЕН 

Пред две години грчките медиуми објавија дека во таа земја се води истрага против „Актор“, која се сомничи дека понудила поткуп на официјални претставници од земјава за да го добие милионскиот тендер. Извор на информацијата беше извештај на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД за борбата против корупцијата во Грција. Во извештајот на ОЕЦД, меѓу другото, се вели и дека надлежните органи од земјава не соработувале со грчкото обвинителство за овој случај, по што Атина побарала посредништво од „Eurojust“. Еден месец подоцна, во април 2015, грчките власти го упасија сопственикот на „Актор“, Леонидас Боболас, но не стануваше збор за случајот со автопатот во Македонија туку бидејќи префрлал пари во швајцарски банки, спротивно на законот. Боболас беше ослободен уште истиот ден откако плати 1,8 милиони од вкупниот долг кон државата од 2 милиони евра за затајување данок. Леонидас е син на основачот на Актор, Јоргос Боболас. Станува збор за еден од најбогатите луѓе во Грција, кој е вклучен и во медиумскиот бизнис, а неговото богатство се проценува на над две милијарди долари. 

АКТОР НЕМАШЕ НАЈНИСКА ПОНУДА ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ 

Грчката градежна фирма, која е ангажирана на милионски инфраструктурни проекти и во Србија, Албанија и Романија, го доби тендерот за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица иако немаше најниска финансиска понуда. На јавниот повик за избор на изведувач на градежните работи се пријавија дури 15 странски компании и конзорциуми. Како главен фаворит се наметнуваше италијанската компанија „Тото“, чија понуда, како што беше подоцна објавено, најверојатно била најниска и изнесувала 160 милиони евра. Сепак, „Тото“ беше дисквалифкувана отакако во подоцнежната фаза на постапката одеднаш беа сменети дел од критериумите кои треба да ги исполнат фирмите кои конкурираа. По таквиот расплет на настаните, работата ја доби „Актор“. Ова е забележано и во извештајот на ОЕЦД, во кој се потенцира дека понудата на грчката компанија била за 40 милиони евра повисока од понудите на дел од останатите конкуренти на тендерот. Штрајкот на градежните работници изгледа не успеа да го отплетка и дополнително го замрси клопчето околу изградбата на трасата на која возачите ќе треба да минуваат под два километарски тунела и по најдолгиот мост во Македонија.

Изградбата на Автопатот ја следеа многу контроверзи 

Медиумите во Грција објавуваа дека грчките надлежни институции покренале истрага против компанијата Актор,  за наводен поткуп на официјални претставници во Македонија за да ја добијат работата на делницата Демир Капија-Смоквица. Во извештајот на ОЕЦД на кој се повикуваат грчките медиуми со наслов “Случај изградба на автопат” стои дека Грција го детектирала случајот од статиите во медиумите испратени од страна на Работната група на ОЕЦД во мај лани. 

„Грчка градежна компанија наводно понудила поткуп на официјални претставници од ПЈРМ за да го добијат договорот вреден 270 милиони евра за изградба на автопат во таа земја. Градежните работи на Демир-Капија Смоквица почнаа во септември 2012 година, а грчката компанија го доби договорот иако имаше значително повисока понуда од околу 40 милиони евра во однос на конкурентите. Вклучени се филијала на грчката компанија во поранешната југословенска Република Македонија и поединци од Грција. Во Грција прелиминарната истрага за перење пари и мито  е во тек. Грција побарала правна помош од ПЈРМ во јуни 2014 годинадодека чека одговор на барањето, побарала за помош да посредува европскиот  Еуроправда“, се наведува во извештајот на ОЕЦД објавен на 20-ти овој месец.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија