18 Мај, 2024
0.0322

Втор дел

ДОСИЕ ГРУЕВСКИ: Како се урна тотемот на „нескршливост“?

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

„Идеалот од којшто се раководи во текот на неговиот живот и работење е константна и исклучително посветена работа за добротo и просперитетот на неговата земја“ – пишува во насловот на текстот посветен на партискиот лидер Никола Груевски а објавен на официјалната веб страна на Вмро Дпмне. Досега неприкосновениот партиски лидер најави оставка. Партискиот конгрес треба да се одржи на 23 декември. Според аналитичарите, технички, падот на Груевски започнува во оној момент кога ја дава премиерската оставка. Суштински, неговата политичка кариера започнува кога решава да го подели општеството, прогласувајќи предавници и патриоти, објавувајќи „војна“ на секој кој мисли поинаку од него.

Оставка во најава…

Технички, почетокот на падот на премиерот Никола Груевски започнува во февруари 2015 година, велат експертите. Пресуден момент беше оној кога Груевски, во неговиот кабинет, по средбата со тогашниот опозиционер Зоран Заев, одлучи да влезе во фронтална и финална пресметка со опозицијата, не сметајќи дека загубата во таа борба ќе го чини многу – велат аналитичарите.

„Иако задоцнет, неговиот чин на поднесување оставка е само обид да се оди во сенка како некој што тоа го направил од доблесни побуди одејќи со песната на лебедот зад кој една маса луѓе гледаа тотем на нескршливост на каузата која беше пред и после се. И пред државните и пред економските и пред евроатлантските приказни. Понекаде може да се чуе и дека резилот би бил преголем кога би доживеал да му се одземе мандатот, па подобро е сам да се повлече. Македонско политичко постоење е во големо затворено поле на иронија која вели дека истиот тој македонски народ го однесе во историја која еден ден ке биде оставена на судот на генерациите кои размислуваат гледајќи во иднината, а не во минатото на Македонија и македонскиот народ“ – вели аналитичарот Агим Јонуз.

Дел од експертите, кои во исто време се поборници за длабоки реформи во опозицијата, сѐ уште со скептицизам ја очекуваат најавената оставка. Во најавениот партиски конгрес препознаваа нов обид Груевски да го задржи своето влијание.

„Вака како што е најавено и како се обидува го одржи Конгресот јасно укажува на тоа дека тој партијата и понатаму си ја смета за лична сопственост. Наспроти концизните одредби од Статутот, тој сам носи Одлука и термин за одржување на Конгрес, сметајќи дека делегатите кои го изгласале на претходниот приватен Конгрес сега треба повторно да му ја задоволат намерата каква и да е. Со ваков начин тој само ќе ја продлабочи поделбата во партијата до фаза на самоуништување, како и зголемување на меѓусебната недоверба која тлее веќе долго. Внатре во партијата врие по сите основи подолго време. Сега тој си има проблем токму од оние кои му служеа сите овие години. Тие сега се првите кои се вртат и му забиваат нож во грб. Сега тие негови прислужници очи ќе си извадат за да седнат во неговата фотелја. И токму поради тоа, овој преку ноќ и нестатутарно закажан Конгрес ќе биде Конгрес за дополнително разнебитување на партијата па и самоуништување“ – вели универзитетскиот професор Јове Кекеновски.

Почеток на крајот …

Во процесот на политички пад, според аналитичарите важни се повеќе потези кои во изминатите години ги повлече Груевски. По објавата на незаконски прислушуваните материјали, не само што ја прецени својата позиција и моќ, туку не го зема предвид сценариото во кое тој губи и што би значело тоа за партијата, објаснуваат аналитичарите.

Во меѓувреме, не запреа политиките на поделби, на предавници и патриоти, што дополнително долеваше „масло на огнот“.

„Груевски влезе во политиката како млад политичар, без националистички белези. Дури и јас тоа го мислев. Кога почна конфликтот во 2001 година, Груевски нема дадено ниту една изјава кој ќе ги подгрее етничките тензии ниту на една ниту на друга страна. Токму ова ги убеди странците дека се работи за еден млад човек кој не е оптоварен со етнички прашања. Беше примен како технократ на кој му беше доста од „големи политики“. Но за неколку години тој прави голем пресврт во своите политики, особено по неуспехот на Самитот на Нато во Букурешт, 2008 година, кога целосно се менува неговиот курс“ – вели универзитетскиот професор Мерсел Билали.

Години, подоцна, кога политиките на Груевски станаа моќни и влијателни во сите сфери на општеството, започна и силниот опозициски отпор, а без предизвикани и граѓанските активисти, па дури и студентите и средношколците. По парламентарни избори во 2016 година, политичките настаните ескалираа на 27 април, годинава, со насилство во Собранието. Но и тоа не беше доволно за негово повлекување од челната позиција. Конечниот удар беше зададен со изборните резултати од локалните октомвриски избори. На почетокот од месецов, Груевски и гласно ја најави оставката.

„Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам пред органите на партијата оставка. Партијата, согласно статутот ќе организира вонреден конгрес, на кој освен извештајот за анализата на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Никола Груевски за Курир.

Ќе продолжи ли груевизмот без Груевски?

Клучно прашање е дали повлекувањето на Груевски ќе биде само кадровска козметичка интервенција, преку делегирање на наследник близок нему, или дали конгресот ќе виде вовед во суштински внатрепартиски реформи што ќе го вратат имиџот и силата на партијата, коментираат експертите.

„Обединувачки Конгрес ќе биде само доколку се смени начинот на избор на делегатите односно да се овозможи нив да ги предложат месните и општинските комитети. Второ, без расправа да се прифати неговата оставка и наместо лидер да се избере времено Координационо тело кое во наредните три месеци ќе раководи со партијата и ќе го подготови наредниот Конгрес на кој ке се избере нов лидер на партијата, ќе се утврди новата платформа, програма и стратегија заснована на принципи и идеали. Сакам да напоменам дека во тоа времено Координационо тело треба и мора на паритетна основа да има претставници од сите групации и фракции во партијата. Само на ваков начин ке се овозможи партијата да се обедини и брзо да се врати како кредибилен и релевантен политички фактор, нудејќи нов вредносен модел на владеење заснован на внатрепартиска и општа широка демократија и демократски принципи“ – вели професор Кекеновски порачувајќи дека сите кои ќе постапат спротивно, и мислат лошо на партијата.

Партискиот конгрес најавен со три точки, оставка на актуелниот лидер, кандидати за наследник и избор на нов лидер е најавен за 23 декември. Најверојатно, нема да се одржи во Скопје. Во јавноста веќе се лицитира со повеќе имиња кои би биле во игра за партиската фотелја, и сите ликови важат за блиски до лидерот. Така, се посочува името на генералниот секретар Христијан Мицковски, екс министрите Никола Тодоров и Никола Поповски, како и имињата на високите партиски функционери, Антонио Милошоски и Илија Димовски.

Владеењето на Груевски, особено како премиер, не остана не забележено и од светските медиуми. Груевски со своја фотографија осамна на угледниот „Вашингтон пост“. Во весникот немаше статија посветена на Груевски, но под објавената фотографија со поднаслов: „Моќен популист“, кратко пишуваше:

„Никола Груевски влезе во политиката на 26 години и стана македонски премиер на 35 години. Противниците го опишуваат како корумпиран, макијавелист и подготвен да ги уништи независните медиуми“

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање