26 Април, 2024
0.0314

ДОСИЕ ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ: Првиот меѓу еднаквите заврши како осомничен за „крвавиот четврток“

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски вечерва заврши во притвор. 

Приведувањето е извршено по повод настаните од „27 април“ 2017 година кога имаше упад во Собранието.  

Вељаноски откако излезе од зградата на судот по краткиот распит се повика на пратеничкиот имунитет.

„По дифолт секој што е пратеник има имунитет. Не, ве молам, 10 години сум бил претседател на Собрание, и јас да бидам организатор? Срамота“, изјави Вељаноски по излегувањето од судот.

Вељаноски посочи дека не бил дел од организацијата на насилните настани.

Тој е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и има пратенички имунитет.

Полицијата вечерва ги приведе поранешниот претседател на парламентот и двајца поранешни министри, односно Спиро Ристоски и Миле Јанакиески, поради настаните од крвавиот четврток.

Дел од лицата кои ги бара обвинителството беа посочени во сведочењето на Александар Василевски-Нинџа пред судот. 

Велјаноски на сведочењето за „крвавиот четврток“, во декември лани кажа дека не знаел дека вечерта во Собранието има лица со маски, а за тепањето на пратениците и новинарите видел на телевизија. На  прашањата од  судијката Добрила Кацарска која го води судскиот процес  за 27 април, Вељаноски потврди дека добил порака од пратеникот Крсто Мукоски но и дека не одговорил на пораката.

Во ноември лани, на судско рочиште, се читаа СМС пораки од телефонот на Трајко Вељаноски.

„На 27 април во 17:48 Трајко Вељаноски испраќа смс порака до Горан Ѓошевски со содржина „бидете на штрек“. Ѓошевски во 17:49 испраќа смс порака со содржина „да” и подоцна уште една „сите знаат и од МВР”. Во 18:04 Вељановски му праќа порака „кажи им да влезат двајца внатре и да не им дозволат да седнат на моето мест“о – прочита тогаш дел од вештачењето обвинителката Вилма Русковска.

За 27 април претходно изјави дека атмосферата била жешка, и дека наредил да се спречи кошкање на пратениците. 

Состојбата екскалираше откако пратеникот Зекирија Ибраими ја пееше албанската химна, но Вељаноски не го исклучи микрофонот. 

Вељаноски на изборите во 2016 година беше носител  на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2. 

Тој е правник, политичар и беше осми по ред претседател на Собранието на Република Македонија. Должноста ја вршел од 2008 до 2016 година. Во Собранието ги вршел и должностите како претседател на комисијата за уставни прашања и шеф на делегација на Собранието на Македонија во интерпарламентарната унија.

Можеби ќе ве интересира

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо