06 Мај, 2024
0.0273

ДОСТОИНСТВЕН ИЛИ ПОНИЖУВАЧКИ: Што мислат новинарите за договорот Македонија-Грција?

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Фер и достоинствен, државотворен акт или договор кој ја понижува македонската нација. Повеќе уредници на дел од македонските медиуми имаат различен став околу постигнатото решение и потписот на Договорот со Грција, вчера со кој треба да се стави крај на деценискиот спор околу ова прашање. Македонија секако е во еден клучен период од нејзиниот развој, секако и на чекор од Европската Унија и НАТО. Сепак дел од јавноста смета дека договорот можеше да биде и подобaр. Дали премиерот Зоран Заев прифатил се или храбро се согласил на решение кое несомнено го трасира македонскиот пат.

ФЕР ИЛИ ПОНИЖУВАЧКИ

Бранко Тричковски, долгогодишен новинар и уредник смета дека овој акт е рамен на АСНОМ и на референдумот за независноста.

„Со него се преминува нов погон од примитивноста, затвореноста, вмровштината и сите други ограничености, на европски погон. Помалку е важен делот што го штити таканаречениот идентитет, отколку тој што го менува, преку разбивањето на македонските лаги за себе и фолклорните прдонисни надуености“, вели Тричковски.

Бранко Геровски, уредник на Слободен печат, вели дека договорот со Грција не е понижувачки, како што тврдат некои, туку е фер и достоинствен.

„Заев не прифати сè што беше побарано од него. Не прифати да се откажеме од нашиот национален идентитет. Тоа е најважно од сè! Не сум убеден дека Атина имаше објективна потреба новото име да биде и за внатрешна употреба во Македонија, но ете, задоволувањето на тој каприц го разбирам како дел од политичкиот пазар неопходен за да се постигне договор“, вели Геровски.

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци, пак вели дека ако Европската Унија и НАТО се целта патот кон таа цел не треба да се поплочени со гнев и со крв. Вели дека е за двојна формула но не и за име за свекупна употреба или „ерга омнес“.

„Не очекувам овој договор да се имплементира, премногу жолч постои и кај грчкиот и кај македонскиот народ околу него. Едноставно, тој е од почеток на апарати, без разлика на насмевките на Заев и Ципрас вчера“, вели Ивановска.

ПРОТЕСТИ НА НЕУКИТЕ ИЛИ НА РЕВОЛТОТ

Таа вели дека протестите кои се организираат против потпишувањето на договорот вчера, полицијата употребила премногу сила. Јоци присуствуваше и на сите протести кои ги организираше Шарената револуција, но вели дека сега посведочила дека Македонија крварела.

„И со тоа одвратно насилство, полицијата, испрати застрашувачка порака дека така ќе се однесува и во иднина кон сите, кои, ќе се обидат да дадат и најмал отпор на нивни договори и одлуки, вклучително граѓани кои ќе посакаат да си заминат од власт. Како? Ќе фрлат 30 шок бомби во рок од пет минути кон демонстранти, жени, деца, мажи, стари луѓе, големо количество на солзавец, ќе тепаат ако треба. После вчерашниот брутален ден, полицијата, веќе е достоен репресивен апарат за зачувување на фотелјите на властодршците. Протоколот за разбивање на толпа не беше запазен. Сум била на над 60 протести во изминати две децении, но вакво нешто не сум доживеала. Не можам да предвидам како граѓаните ќе реагираат во иднина, но од она што го видов и ми пишуваат постојано, ќе кажам- постои огромна тензија и револт“, вели Ивановска.

Новинарот и уредник Ерол Ризаов вели дека е разбирливо што промената на името на државата не ги прави среќни сите граѓани и дека секако голем дел од нив овој чин го прифаќаат со жалење, тага и револт. Сепак вели дека големо  е и олеснувањето затоа што то агарантира европска иднина, а има и ветено брзо членство во НАТО.

„Не е ни мала ни едноставна работа да се прифати ново име на држава по 74 години. Секоја навреда на ова чувство е голема грешка и грев бидејќи мора да се има на ум дека е направена отстапка не поради нечиј притисок, туку краставата жаба ќе се голтне за обезбедување побрз развој и подобар живот на поколенијата. Граѓаните на Македонија и на референдум ќе покажат мудрост дека ги одобруваат отстапките за да ја внесат Македонија таму каде што ѝ е одамна местото“, вели Ризаов.

Геровски повикува граѓаните да бидат спокојни, бидејќи како што вели тие своето мислење ќе го кажат nа референдумот есента.

„Апелирам и до полицијата енергично да ги спречи насилствата, бидејќи 27 април не смее да се повтори, ниту во парламентот ниту на улиците. Едноставно, насилството како метод на наметнување политичка волја е неприфатливо“, вели Геровски.

Тричковски е подиректен

„Протестите се израз на неукоста и просташтвото, на некултурата, на лесната подложност на митомански манипулации и евтини корупции, тие се срам, тие се манифестација на празноглавоста. Но, како што можат да забележат трезвените посматрачи, тие се последни изблици на македонската патетика, а не нејзина ескалација“ вели Тричковски.

Додава оти борбата против договорот е како борба против доаѓањето на летото или против вртењето на земјината топка или, како што вели ритуал на будалите.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува