ДОЗНАЈТЕ: Кој е најголемиот губитник помеѓу милијардерите во 2015 година?
Објавено во: Свет 22 Декември, 2015
2015 година беше тешка за Карлос Слим. Годината е најлоша за мексиканскиот претприемач во споредба со останатите во листата на 400-те најбогати луѓе на светот, пишува „Блумберг“.
Од почетокот на годината богатството на Слим се стопило за 20 милијарди долари - на колку се проценува економијата на Хондурас. Сега средствата на бизнисменот изнесуваат 52.8 милијарди долари.
Акциите на телекомуникациската компанија на Карлос Слим - „America Movil SAB“ - се на пат да забележат најголем пад од 2008 година. Царството на претприемачот настрада од регулацијата и притисокот во Мексико. Поради воведените нови ограничувања оваа година Слим веќе треба да ја распредели инфраструктурата на компанијата, која му дозволуваше да доминира на пазарот за мобилни и фиксни услуги повеќе од една деценија.
Помеѓу другите причини на лошите резултати на „America Movil SAB“ се: слабите изгледи пред бразилската економија - вториот најголем пазар за компанијата; зголемената конкуренција во Мексико и ограничените можности за експанзија во Европа.
Слим, кој веќе е петтиот најбогат човек во светот (порано во текот на годината ја заземаше третата позиција) - поседува 57% од компанијата.
Од прес-службата на „America Movil“ немале коментар на „Блумберг“.
По зајакнувањето на регулациите во Мексико, компанијата се потпира главно на Бразил, Австрија и САД за проширување на своите активности. До неодамна „America Movil“ контролираше 70% од пазарот на мобилни комуникации и 62% од фиксните броеви во Мексико. Компанијата „AT & T Inc.“ купи два од главните конкуренти на Слим во неговата татковина - „NII Holdings Inc.'s Nextel“ и „Grupo Iusacell SA“, со што војната за клиенти во Мексико се ожесточи уште повеќе.
Профитот на „America Movil“ се намалил за 40.3% во последниот квартал кај 44.8% пред една година. Според извештај на „Credit Suisse Group AG“ овој тренд ќе се задржи и во текот на следната година. Иако порано во текот на годината „America Movil“ одлучи да обезбеди 11 илјади безжични кули и тоа најверојатно ќе го намали нејзиниот долг, тој е релативно мал во однос на големината на компанијата, тврди извештајот.„Промената на телекомуникациските прописи во Мексико ја Којпривлече конкуренција, а сега „AT & T“ прави значителни инвестиции, за да создаде силен мобилен играч во земјата“, коментирал аналитичарот од „Credit Suisse“ Даниел Федерле. „Конкуренцијата ќе стане повеќе жестока во наредните години“.