ДРАМАТИЧЕН ФИНИШ НА ИЗБОРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА: Макрон издвојува победа над Марин Ле Пен
Објавено во: Свет 24 Април, 2017
Центристот Емануел Макрон доби најмногу гласови на претседателските избори во Франција, откако со победи 23,75% од гласовите на избирачите, покажаа последните податоци на Министерството за надворешни работи во Франција, цитирани од Ројтерс.
По него се рангираше крајно десниот кандидат Марин Ле Пен со 21,5 отсто од гласовите на Французите. Двајцата кандидати одат во втор круг, кој ќе се одржи на 7 мај.
Следните двајца кандидати за Елисејската палата се со многу блиски резултати. На трето место е Франсоа Фијон со 19,9 проценти, следен од екстремниот кандидат Жан-Лук Меланшон со 19,6 отсто.
За најверојатен претседател на Франција се наведува Емануел Макрон, поранешен банкар и министер за финансии за кратко во владата на поранешниот претседател Франсоа Оланд.
По излегување на првите проценки за резултатите во француската престолнина Париз имаше судири меѓу полицијата и неколку стотици демонстранти, претставувајќи се како антифашисти. Органите на редот беа гаѓани со шишиња со бомбички, што доведе до апсењето на три лица, а двајца други беа повредени. Организаторите на протестните дејствија побараа сите да излезат и да протестираат против Марин и Макрон.