Драстичен пад на биткоинот и уште поцрни прогнози од директорот на Пејпал
Објавено во: Финансии 23 Август, 2018
Некогашниот извршен директор на Пејпал , Харис изјавил дека криптовалутите се повеќе се движат кон нула.
Харис повторно излезе во јвноста и фрли сенка на популарноста на дигиталните валути.
-Биткоинот не го покажува она што неговите заговорници го тврдат - рекол Харис додавајќи дека постојат многу подобри криптовалути.
Oва не е прв пат поранешниот шеф на Пејпал да ја искаже загриженоста од иднината на виртуелни валути.
Харис во април предупреди дека „биткоинот е измама и дека тој балон ќе пукне толку силно што светот ќе остане вчудоневиден.
Неговото ново предупредување доаѓа после летниот пад на биткоинот кој само во август изгубил 20 отсто.
Така падна вредноста на целиот криптопазар на 195 милијарди долари.