„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена
Објавено во: Финансии 17 Мај, 2024 08:20
Берзанскиот билтен е секогаш полн со информации за состојбата на македонскиот топ бизнис, и за тоа кој е кој на домашната деловна сцена, но пртитоа треба да се има предвид дека оттука можеме да ги согледаме податоците само за домашните котирани акционерски друштва.
Како и да е, април донесе зголемена пазарна капитализација на сите околу стотина котирани компании, и тоа за 2,5 проценти во однос на еден месец претходно, а бројките говорат дека на сите котирани компании таа во моментов тежи 4,4 милијарди евра.
Или, толку пари би се зеле одеднаш доколку во исти момент се продадат сите акции на сите домашни котирани акционерски друштва.
А, Берзата секогаш ги објавува и првите десет најтргувани акционерски друштва според нивната пазарна капитализација, што значи дека во таа десетка можеби не се оние со најголема пазарна капитализација, но тоа се најтргуваните АД кои имаат највисока вредност на своите акции.
Како и да се, првата петорка се дефинитивно највредните и најмоќните во домашниот бизнис.
Првата позиција и за април ја држи Комерцијална банка, најголемата банкарска институција во државава, со над 670 милиони евра пазарна капитализација. Таа акција е убедливо најтргувана и убедливо една од најрастечките хартии од вредност на домашниот пазар на капитал.
Веднаш после нејзе е „Телеком“, со над 658 милиони евра пазарна капитализација. Тоа говори дека толку пари би морал да искешира некој евентуално моќен инвеститор, доколку би сакал да ги купи одеднаш сите акции на Македонскиот телеком, а кој инаку, е во доминантно странска сопственост.
Или, според пазарната капитализација, меѓу овие две акциоерски друштва се води на некој начин „мртва трка“, барем според состојбата за април оваа година.
Одлична пазарна капитализација има и НЛБ Банка, исто така со доминантен странски, словенечки сопственик, но со акција која е исклучително интересна за инвеститорската јавност. Таа банка е на трета позиција, со пазарна капитализација од 566 милиони евра.
Веднаш зад неа е пазарната капитализација на фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, која за април изнесува над 474 милиони евра. Акцијата на „Алкалоид“ е убедливо во врвот на најтргуваните и најбрзорастечки акции на домашната бизнис сцена, а секако, главната основа за тоа е одличниот и стабилен бизнис перформанс, кој прави инвеститорската јавност секогаш да бара акција повеќе од оваа компанија.
Во големата петорка со пазарна капитализација влегува уште и Стопанска банка Скопје, со пазарна капитализација од близу 446 милиони евра, што говори дека најстарата и една од најуспешните банки во земјава е и тоа како атрактивна во оние кои сакаат да инвестираат во домашните хартии од вредност.
Нафтениот гигант „Макпетрол“ има пазарна капитализација од 134 милиони евра, по него е градежната домашна компанија во одлична кондиција „Гранит“, со капитализација од близу 66 милиони евра, а по него е УНИБанка, чија пазарна капитализација изнесува 64 милиони евра. „„Реплек“ има пазарна капитализација од 46 милиони евра, додека, пак, ТТК банка, доколку сите нејзини акции се продадат одеднаш, би се платиле 23 милиони евра.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





