26 Април, 2024
0.0362

ДРАСТИЧЕН СКОК: Што ја „полета“ цената на нафтата

Објавено во: Економија 11 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата драматично се зголемија утрово, откако иранските државни медиуми објавија дека две ракети удриле во ирански танкер за нафта на Црвеното Море.

Веднаш по објавувањето на веста, нафтата „брент“  скокна за 2,07 проценти на 60,33 долари за барел, додека американскaта „лесна“ нафта (WTI) забележа слични придобивки, пренесува американската телевизиска мрежа CNBC.

Од националната иранска нафтена компанија во чија сопственост е танкерот беше соопштено од NBC дека две експлозии на танкерот се случиле во 5 часот и 5:20 часот наутро по локално време.

Танкерот наводно патувал по Црвеното Море крај брегот на Саудиска Арабија, а во моментот кога е погоден се наоѓал на околу 100 километри од саудискиот пристанишен град Џеда.

Иранската државна агенција ИРНА објави дека танкерот го добил името „Сабити“, а Ен-Би-Си објави дека танкерската екипа не била повредена и дека се работи на стабилизирање на ситуацијата.

Најновиот инцидент доаѓа во услови на зголемени тензии во регионот. CNBC потсетува дека на 14 септември биле извршени напади врз двe од најголемите постројки за производство на нафта во Саудиска Арабија, принудувајќи ја земјата привремено да затвори околу 50 проценти од своето производство, или повеќе од пет проценти од светското дневно производство на нафта.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија