Државата дала шест милиони евра за железничкиот транспорт

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2021
Во 2020 државата дала шест милиони евра субвенции за да функционира железничкиот транспорт. Тоа се пари дадени од буџетот преку Министерството за транспорт и врски за ЖРСМ Транспорт за да може да функционира превозот на патници и стоки.
Ова се пари дадени надвор од самофинансирачките приходи на претпријатието, кое наплаќа од компаниите за превоз на нафта и суровини транспортирана од возовите, како и од патниците. Држава дополнително дава пари и за одржување и изградба на пругите и другата опрема, но на второто претпријатие - ЖРСМ Инфраструктура.
Од железничкото претпријатие претходно известија дека 2020 година ја завршиле со негативен резултат најмногу поради состојбата со Ковид-19. Нивните податоци покажуваат вкупна загуба од 512.123.000 денари. Во товарниот сообраќај претпријатието бележи загуби од 145 милиони денари, а во патничкиот од 45 милиони денари.
Владата најавува Физибилити студија за претпријатието според која во иднина треба да се утврди моделот кој е најсоодветен за преструктуирање - дали тоа ќе биде јавно приватно партнерство или пак можеби приватизација.
Ако студијата покаже дека може да биде самоодржливо со сегашниот статус, тогаш ќе бидат направени планови за внатрешни промени кои ќе овозможат да го подобри нивното работење.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Нафтата со скок, нафташите со договор: Што се случува

БИТКОИНОТ СЕ „ВРАТИ“: Како ја презеде улогата што некогаш ја играше златото

Среќен 8ми март! Каде се жените 100 години подоцна? Какви им се платите, бенефициите, обврските?

Ќе има отпуштања, некои работат во четири смени, некаде работата не смее да прекине: Фактор дознава кои се клучните забелешки за „недела неработен ден“

Како најстарата македонска автомобилска компанија се справи со короната?

ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА МАЛКУМИНА МИСЛЕЛЕ НА НОВА КОЛА - увозот на нови автомобили лани се струполи за 33 отсто

ПРОПАДНАА ОСМОМАРТОВСКИТЕ ПОНУДИ - Иако цените се поволни, интересот е слаб

Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово

БЕКТЕШИ СО СТУДЕН ТУШ ДО СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ: Тие бараа пролонгирање за завршните сметки до 31 март, власта ги одби
