14 Мај, 2024
0.0250

ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД 1.230.000,ОО ДЕНАРИ НА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ДЕТСКА ХИРУРГИЈА

Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

За потребите на Клиниката за детска хирургија, денеска беше дониран мобилен ехо апартат, донација од Државната видеолотарија. На официјалното примопредавњање на донацијата, министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче се заблагодари и истакна дека со оваа донација се подобруваат условите и услугите на Клиниката и се подобрува здравствeниот  третман  за најмалите, децата.

„Ова е добар пример на компанија која е општествено одговорна. Здравството е навистина сензитивен сегмент, помошта е секогаш добредојдена, особено кога се во прашање децата и нивното здравје“, истакна министерот Филипче.

Донацијата на мобилен ехо апарат е во висина од 20.000 евра и за првпат се набавува во јавното здравство.

„Државна видеолотарија како модерна компанија, настојува да одговори на предизвиците и условите со кои се соочува модерното време на бизнисот. Настојуваме да бидеме одговорни кон сите, особено кон ранливите категории во нашето општество. Кога ја добивме идејата за детска хирургија, нашето раководство безрезервно реши да ја поддржи. Со донација од 1.230.000,00 денари се вклучивме во набавка на апарат кој ќе биде од примарна важност за функционирањето на овој оддел од Јавната здравствена установа, Универзитетска клиника за детска хирургија. До крајот на годинава, како иницијатор поттикнавме една друга слична акција, која веруваме ќе резултира со уште еден убав проект кој ќе се однесува на здравствените придобивки за најмладите. Овие активности ќе ги продолжиме и ќе ги прошириме и во текот на следната 2019 година. Посакуваме да бидеме пример и за останатите компании, со цел да овозможиме здравствени придобивки за целото општество“, изјави Виолета Ристоска, маркетинг директор на Државната видеолотарија.

Министерот Филипче најави дека во буџетот за следната година, предвидени се средства во Програмата на Министерството за една посебна патологија, за бенигни тумори на деца, коишто до сега не беа предвидени и коишто беа навистина како патологија живото-загрозувачки и со тоа ќе се зголеми и експертизата и можностите за лекување на тие дечиња во Република Македонија, при овие зафати неопходен е овој мобилен ехо апарат.

„За првпат во јaвното здравство се набавува ехо апарат којшто е мобилен. Тоа значи, дека ќе може да се носи на различни позиции и ги има сите сонди на него. Може да се оди на Гинекологија, Педијатрија, може да се носи во амбуланта. Ги има сите сонди со кои ќе се подобри работата на сите заболувања од детската возраст“, информираше д-р Владимир Чадиковски, хирург на Клиниката за детска хирургија.


Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН