Државјани на Бугарија, Романија, Германија се главните осомничени за трговија со луѓе
Објавено во: Свет 15 Април, 2013 14:32
Државјани на Бугарија, Романија, Германија и Франција се меѓу главните осомничени жители на Европа за трговија со луѓе, покажува извештајот на Евростат за периодот 2008-2010, кој денеска го објави Европската комисија. Главни жртви на трговијата се жители на Бугарија и Романија.
Околу поливина од сите трговци со луѓе (45 отсто) имаат документи за идентификација од Европската унија, а останатите 55 проценти од други држави, при што најзастапени се Нигерија, Кина и Турција.
Во Бугарија, Холандија, Данска, Финска, Словенија, Словачка и Шведска во набљудуваниот период е забележано згоемување на трговијата со луѓе.
Еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром изјави на пресконференција дека ЕК работи заедно со бугарските и романските власти за намалување на овие тенденции.
Таа посочи дека жртвите на трговијата се пред се претставници на ромската заедница.
Во тој период во ЕУ се регистрирани вкупно 23.632 жртви на трговија, а 68 отсто од нив се жени, 17 се мажи, 12 отсто се девојчиња, а три проценти се момчиња.
Можеби ќе ве интересира
Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот




