19 Јануари, 2025
0.0283

Државна Лотарија на Македонија со позитивни резултати во работењето

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Државна лотарија на Македонија се ближи кон четвртата година на приредување игри на среќа за граѓаните на Република Македонија, бележејќи позитивни резултати во своето работење. Од компанијата денеска известија дека е потпишан договор за  формирање заедничко трговско друштво за приредување на интернет и електронски игри на среќа, во кое  Државна лотарија на Македонија ќе биде доминантен сопственик со  51% од вкупниот капитал. Договорот за заедничко вложување во трговско друштво за приредување на интернет и електронски игри, е потпишан помеѓу законските застапници на Касинос Аустрија Интернатионал Македонија и Државна лотарија на Македонија. Еве што се вели во соопштението од Државната Лотарија:

„Од април 2010 Државна лотарија на Македонија за граѓаните на Република Македонија приредува различни видови општи игри на среќа како што се  добро познатите игри со извлекување добитни бројчиња и Инстант лотарија. Интересно е што покрај играта НовоЛото 7/34 која ја нуди најбогатата премија во Македонија и каде во моментов 7ката носи близу 13.000.000 денари, неодамна се пласирани и две нови игри: БИНГО БУМ – бинго игра и ТОП5 – лото игра во која ќе се игра за 5тка, а извлекувањата од обете игри ќе се емитуваат во живо на МРТ1 секој понеделник од 20,30, почнувајќи од понеделник 11.ноември. Покрај овие две нови игри во моментов се работи на поставување на играта КЕНО – популарна игра која ќе се приредува во соработка со обложувалници, а за прв пат во Македонија официјално ја носи токму Дражвна лотарија на Македонија. Се побројната играчка публика практикува да учествува и во Инстант лотарија во чие семејство до сега се актуелните лозови Среќни тркала, Смајли, Експрес лоз, Твингоманија, Детелинка и 7ма Брзина, кои нудат автомобили, скутери и парични добивки, а во тек на месец ноември се очекува ова семејство да добие уште два нови членова, лозот Среќни коцки кој ќе нуди добивка до 1.000.000 денари и лозот Подарок со кој ќе се збогати понудата за празничниот период.

Динамичниот развој на оваа се уште млада компанија се должи на стартегијата што во четвртата година од почетокот на приредувањето игри на среќа за граѓаните на Република Македонија, Државна лотарија на Македонија има намера да влезе со комплетно портфолио игри на среќа во кое ќе има богата понуда на забава и добивки за сите критериуми и за сите генерации над 18 години.

Со цел и граѓаните на Република Македонија да добијат можност за учество во интернет и електронски игри на среќа, неодамна Државна лотарија на Македонија потпиша договор за  формирање заедничко трговско друштво за приредување на интернет и електронски игри на среќа, во кое  Државна лотарија на Македонија ќе биде доминантен сопственик со  51% од вкупниот капитал. Договорот за заедничко вложување во трговско друштво за приредување на интернет и електронски игри, е потпишан помеѓу законските застапници на Касинос Аустрија Интернатионал Македонија и Државна лотарија на Македонија, на ден 25. 10. 2013та, во просториите на Државна лотарија на Македонија,.

Согласно договорот, зацртаната физибилити студија и динамиката на вложување во периодот од наредните три (3) години е планирано да се инвестираат повеќе од шест милиони (6.000.000.00) евра во интернет - он лајн игрите на среќа и во електронските игри  на среќа. Првите игри од овој вид согласно законот за игри на среќа во Република Македонија, ќе почат да се приредуваат во првиот квартал на наредната година, со што граѓаните на Република Македонија ќе добијат широк спектар на игри во кои ќе можат да учествуваат преку интерент и на Видео лотариските терминали што ќе бидат поставени во сите населени места во Република Македонија. Атрактивноста на игрите ќе биде на ниво на светските трендови, со што Државна лотарија на Македонија ќе го заокружи циклусот на збогатување на своето портфолио.

Државна лотарија на Македонија одговорно и согласно законските прописи на Република Македонија приредува игри на среќа за граѓаните на Република Македонија со цел да прерасне во современа компанија од највисок ранг, за добро на граѓаните на Република Македонија“ стои во соопштението од Лотарија на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ