ДУИ контра Ѓорѓе Иванов
Објавено во: Финансии 30 Април, 2018
ДУИ, спроти предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов, смета дека Фатмир Бесими треба да биде нов гувернер на Народната банка на РМ.
Предлогот на Иванов гласи дека на постоечкиот гувернер Димитар Богов треба да му биде продолжен уште еден мандат.
- Во моментов сметаме дека подобро решение од Фатмир Бесими не постои во Македонија - велат од ДУИ.
Кадарот на владиниот коалиционен партнер беше Министер за економија во времето кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беа заедно на власт.