ДУИ: Мала група насилни провокатори се обидоа да го спречат собирот во Куманово
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2016 21:52
Мала група насилни провокатори се обиделе да му го попречат патот на претседателот на Демократска партија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој се движел кон местото на одржување на предизборниот собирот во Куманово, соопштуваат од ДУИ.
Велат обидот на провокаторите не бил успешен, и Ахмети сепак ја одржал средбата во Куманово, во полна сала свои поддржувачи и симпатизери.
ДУИ остро ги осудија незаконските акти против карванот на партиското раководство.
„Изразуваме жалење за срамната злоупотреба на болката на луѓето од страна на некои нови политички групи кои сакаат да се афирмираат преку очајни постапки. ДУИ го осудува секое насилството како политичко средство и е решителна да го продолжи својот политички пат, разговарајќи со граѓаните“- се вели во реакцијата на ДУИ.
Група граѓани се собраа на влезот на кумановското село Черкезе, за да го спречат собирот на ДУИ и на Ахмети со партиските активисти од Куманово.
Мештаните своето незадоволство го искажаа и со крешење на стаклото на едно од возилата со кои пристигнала делегацијата на партијата.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него




