07 Јануари, 2025
0.0242

ДУИ ЗА ВЕТОТО ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Ова е отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците

Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро ја осудува скандалозната одлука на претседателката Гордана Сиqановска-Давкова за ставање вето на двојазичноста.

„Ова е отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците во Северна Македонија! Но, ова не е изолиран чин, туку јасно координирана стратегија. Прво, лидерот на ВЛЕН, Африм Гаши, јавно настапи со изјава со цел да го подготви јавното мислење против албанскиот јазик и да создаде алиби за овој чекор, а веднаш потоа, разгорениот антиалбански национализам се активираше за да негира и напаѓа сè што е албанско. Ова е агресија против Албанците, во која ВЛЕН свесно ја презема улогата на соработник. Ова не е само удар врз јазикот – ова е обид за враќање на Албанците назад, за демонтирање на сите тешко стекнати права. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка на ВЛЕН, покажува дека нема никаков интерес за соживот, туку следи реваншистичка, антиалбанска и опасна агенда.

ДУИ има јасна порака: Албанскиот јазик не е монета за политичко поткусурување! Тој е уставно загарантирано право, а не инструмент кој оваа влада може да го користи по сопствена волја! Им упатуваме повик на сите Албанци, сите граѓани кои веруваат во соживотот, граѓанското општество и сите демократски сили во земјата да се мобилизираат и да не дозволат оваа срамна стратегија да се реализира. ДУИ нема да седи со скрстени раце! Ќе ги искористиме сите политички и правни механизми за да го спречиме ова антиалбанско лудило!“, велат од ДУИ. 

Додаваат дека претседателката и оваа влада треба да знаат едно: Албанците нема да дозволат да бидат избришани! 

„Нашиот јазик е нашето достоинство, нашиот идентитет и нашата иднина – и ќе го браниме по секоја цена!“, се вели во соопштението на ДУИ.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) попладнево објави дека претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, не го потпишала указот за Законот за заштита на децата, со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките. Од СДСМ го поздравија овој чекор и побараа од ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од измените на законот.

Можеби ќе ве интересира

ГО СЛАВИМЕ НАЈРАДОСНИОТ ПРАЗНИК, БОЖИК – ХРИСТОС СЕ РОДИ: Ова е најголемиот празник на христијаните!

ГО СЛАВИМЕ НАЈРАДОСНИОТ ПРАЗНИК, БОЖИК – ХРИСТОС СЕ РОДИ: Ова е најголемиот празник на христијаните!

БОЖИЌНА ПОРАКА НА Г.Г. СТЕФАН: Еве што вели поглаварот на МПЦ

БОЖИЌНА ПОРАКА НА Г.Г. СТЕФАН: Еве што вели поглаварот на МПЦ

ЕВЕ КАДЕ ПАДНА ПАРИЧКАТА ВО ДОМОТ НА МИЦКОСКИ: Беше на вечера кај неговите родители

ЕВЕ КАДЕ ПАДНА ПАРИЧКАТА ВО ДОМОТ НА МИЦКОСКИ: Беше на вечера кај неговите родители

„ДЕЦАТА НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗЛОЖУВААТ НА ОВА НЕПОТРЕБНО ДОПОЛНИТЕЛНО ТРУЕЊЕ“: Д-р Беќаровски со реакција за Бадниковите поворки на толку загаден воздух

„ДЕЦАТА НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗЛОЖУВААТ НА ОВА НЕПОТРЕБНО ДОПОЛНИТЕЛНО ТРУЕЊЕ“: Д-р Беќаровски со реакција за Бадниковите поворки на толку загаден воздух

ВО САРАЈ: Пожар во автосервис пеплоса четири возила

ВО САРАЈ: Пожар во автосервис пеплоса четири возила

ПРЕД КУЌА И ЗАПАЛИЛЕ ВОЗИЛО НА НОВИНАРКА: ЗНМ со остра реакција

ПРЕД КУЌА И ЗАПАЛИЛЕ ВОЗИЛО НА НОВИНАРКА: ЗНМ со остра реакција

ПЛАНИРАВМЕ ДУРИ ЖИЧАРА ОД ТЕТОВО ДО СКИЈАЧКИТЕ ТЕРЕНИ НА ШАПКА: Груевски се потсети на времето кога беше премиер, ги кажа плановите и за скијањето на Водно

ПЛАНИРАВМЕ ДУРИ ЖИЧАРА ОД ТЕТОВО ДО СКИЈАЧКИТЕ ТЕРЕНИ НА ШАПКА: Груевски се потсети на времето кога беше премиер, ги кажа плановите и за скијањето на Водно

ПОДГОТВЕН Е ДА ТРЧА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКОТО МЕСТО ВО СКОПЈЕ, НО ИМА УСЛОВ: Се зависи од анкетите

ПОДГОТВЕН Е ДА ТРЧА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКОТО МЕСТО ВО СКОПЈЕ, НО ИМА УСЛОВ: Се зависи од анкетите

ЗА 15 ГОДИНИ, НЕКОЕ РОБОТЧЕ ЌЕ ДОАЃА КАЈ ВАС, ЗА 2-5 МИНУТИ КОМПЛЕТНО ЌЕ ВЕ СКЕНИРА И ЌЕ ПОСТАВИ ДИЈАГНОЗА: Д-р Беќаровски за роботие „ќе прашувате во која наша болница се сликани“

ЗА 15 ГОДИНИ, НЕКОЕ РОБОТЧЕ ЌЕ ДОАЃА КАЈ ВАС, ЗА 2-5 МИНУТИ КОМПЛЕТНО ЌЕ ВЕ СКЕНИРА И ЌЕ ПОСТАВИ ДИЈАГНОЗА: Д-р Беќаровски за роботие „ќе прашувате во која наша болница се сликани“