Дури 11 европски држави го намалија ДДВ-то заради поевтино летување
Објавено во: Економија 16 Јули, 2020
Дури единаесет европски држави привремено го намалиле ДДВ-то на туристичките услуги заради поевтино летување на туристите, така што индиректно ќе му помогнат на туристичко-угостителскиот национален сектор погоден од корона-кризата.
Европската асоцијација на хотели, ресторани и угостителски објекти (HOTREC), објави дека од најблиското опкружување такви потези од регионот повлекле и Грција и Турција како едни од земјите со најголем туристички потенцијак на континентот.
Турција од 1 април до 30 ноември 2020 година го намали ДДВ-то во хотелскиот сегмент од веќе ниските осум отсто на само еден процент, што е убедливо најнузок зафат во Европа.
Грција одлучи да го редуцира ДДВ-то од 24 на 13 проценти кај услуги за безалкохолни пијалоци, а кај хотелиерството од 13 на 5 проценти.