Дури 350.000 млади сакаат да се иселат во Германија
Објавено во: Економија 26 Август, 2018
БиХ ќе се соочи со пустош на пазарот на работна сила, откако Германија ќе добие статус на иселеничка држава, а тоа ќе се случи уште идната година.
Стручњаците потсетуваат дека во овој момент на цела територија на Германија недостигаат 1.1 милиони работници, од различни профили и ова е добра вест за луѓето од Западен Балкан, од Србија, БиХ, Македонија, пишува Srpskainfo,
Властимир Видиќ, дипломиран политиколог вели дека полесно ќе добијат визи сите оние кои ги исполнуваат условите, а на овие простори им се заканува опасност на занимањата кои се дефицитарни.
Додава дека меѓу факултетски образованите луѓе предничат, лекарите, машински и градежни инженери, стручњаци од областа на информатиката, педагози.