Два дена пожари беснеат над Скопска Црна Гора-опасна огнена стихија се шири во повеќе краеви на земјава
Објавено во: Македонија 03 Април, 2017 11:18
Ширум земјава на неколку локации беснеат пожари.
Веќе два дена пламени јазли голтаат шума и дрва на околу 500 хектари во Скопска Црна Гора а интензитетот расте.
Засега околните куќи и луѓе не се во опасност , но гаснењето на шумата која е во пламен им оди тешко на противпожарните служби поради непристапноста на теренот .
Пожарот во Скопска Црна Гора сепак не е единствен.
Огнената стихија ги мачи и пожарникарите во липковскиот планински крај а пожарот таму избувнал вчера. Гори и на Голак. Вчера попладне таму почнала да гори борова шума, а состојбата таму е критична бидејќи пожарот е потпален од неколку страни и се проширил и кон Пехчево и Берово.
Пламени јазли имаше и во Вевчани.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




