Добивај вести на Viber
Поради малверзации со пари, Основниот суд во Прокупље, Cрбија, осуди двајца поранешни функционери на пензионерска организација во тој град, поранешниот претседател на Здружението на пензионери, Мирољуб Костиќ и поранешниот благајник, Боривоје Рангеловиќ.
Костиќ е осуден на 14 месеци затворска казна и две години условно, додека Ранѓеловиќ доби затворска казна од шест месеци и година дена условно.
Пред Основниот суд во Прокупље се води постапка и против актуелниот претседател на Здружението на пензионери Милован Вучиќевиќ, поради злоупотреба на службената должност.