08 Мај, 2024
0.0276

Двајца пратеници позитивни - владеачко мнозинство нема: Денеска координација со Џафери

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Ќе  има ли можност Парламентот да функционира односно да се обезбедува парламентарното мнозинство? Денеска ќе има координација на пратеничките групи со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Почетокот на седницата е закажан напладне. Работата се искомплицира откако беше објавено дека двајца пратеници од владеачката коалиција - Лазе Таневски од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ се позитивни на коронавирус. 

По направените епидемиолошки анкети, од Центарот за јавно здравје информираа дека нема потреба од изолација на други пратеници, бидејќи мерките во Собранието се почитувале. Сепак ова остави дилема за функционалноста на Парламентот и мнозинството. Владејачкото мнозинство во Собранието брои 62 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и коалициските партнери, а опозицијата има 58 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески изјави дека седницата не е откажана и дека како ќе функционира Парламентот ќе се знае по координативната средба со спикерот.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека пратеничката група утре ќе има координација по што и официјално ќе се знае дали ќе присуствуваат на седниците. Нивниот став претходно искажан, беше дека нема да му прават кворум на владејачкото мнозинство во Парламентот. Се тврди дека Џафери сака да ја одржи работата на Парламентот и вели дека ќе замоли да нема уцени иако ставот на ВМРО ДПМНЕ беше дека нема да им прават кворум на СДСМ на седниците.

Инаку во Собранието почнува во четврток расправата за ребалансот на буџетот за 2020 година. Сепак тој ќе биде прво на комисиска расправа која може да трае и десет работни дена. За тој период мнозинството може да се комплетира, оти во време кога има собраниски расправи генерално нема пленарни седници. Сепак во Собранието не се усвоени некои клучни закони како тој за задолжување на државата кај Светска банка.

Оваа точка е на дневен ред на денешната седница, а други точки се и измените и дополнувањата на Законот за заштита на укажувачи, на Законот за судските такси, на Законот за автокамповите и на Законот за скијалишта, сите во прво читање.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава