19 Мај, 2024
0.0278

ДВЕ ГОДИНИ ПО ВЛЕГУВАЊЕТО ВО НАТО ЈА СОГЛЕДУВАМЕ ИСПРАВНОСТА НА ОДЛУКАТА: Ковачевски за членството во Алијансата

Објавено во: Македонија 27 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Пред точно две години остваривме една од нашите стратешки цели поставени уште од осамостојувањето на државата – полноправно членство во НАТО, напиша денеска премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил.

Според Ковачевски, да се биде дел од НАТО значи исполнување на сите цивилизациски стандарди.

– Две години подоцна, во екот на најголемата воена и економска криза по Втората светска војна, ја согледуваме исправноста на оваа одлука. Во овие неизвесни времиња, кога целиот свет се грижи иднината и безбедноста, Северна Македонија е дел од најмоќниот воено политички сојуз кој го гарантира нашиот територијателен интегритет и сигурност, објави Ковачевски.

Членството во Алијансата, како што наведува, е многу повеќе од гарантирана безбедност и заштита на нашите граѓани.

-Да се биде дел од НАТО значи исполнување на сите стандарди на цивилизираниот свет како заштита на човековите права, солидарност меѓу народите и унапредување на демократијата. Како членка на НАТО ќе продолжиме активно да учествуваме во сите активности на Алијансата и да го градиме сојузништвото со нашите партнери. Оваа определба значи долгорочен развој за нашата земја и сигурна иднина за нашите деца, наведува Ковачевски.

Денес, додава премиерот, се потсетуваме дека одлуките кои владата на СДСМ ги донесе беа, како што напиша, визионерски и во најдобар интерес на граѓаните.

-Со храбри и одлучни чекори продолжуваме понатаму зашто политката е лидерство и одговорност за иднината на сопствените граѓани, пишува Ковачевски.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“