26 Април, 2024
0.0370

Две опции за „Веибо“- повторно обновување или стечај

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Две опции за „Веибо“, стечај или нов капитал со што би продолжила компанијата да работи и би се раздолжила кон своите доверители, соопшти вицепремиерот за економски прашања  Кочо Анѓушев.

– На еден или на друг начин вработените во Крива Паланка ќе ги земат своите заостанати плати. Среќна околност е што во стечајната постапка би имало повеќе капитал за надмирување отколку што има обврски кон сите доверители вклучително и вработените на кои им должи три плати, рече Анѓушев во одговор на прашање по потпишувањето договор за државна помош со германската компанија „ВИК“ во Владата.

На двочасовниот состанок помеѓу вицепремиерот и сопственикот на „Веибо груп“ се зборувало за тоа како фирмата дошло до ова ниво, што било договорено со претходната влада, што не се исполнило, како не се нашла доволно работна сила( инаку било договорено да се вработат 2000 работници за плата од 150 евра)и ред други прашања.

– Сопственикот не успеал да обезбеди  доволна работа и нема доволна ликвидност на компанијата и во моментов ја изгуби деловната активност. Неговата сметка е блокирана и на вработените им должи три плати, во  висина од околу 300 илјади евра, и заостанати побарувања од други  доверители, пред се од градежни компании кои граделе во неговиот  капацитет и од една од македонските банки во вкупна вредност од 700 илјади евра. Има две можности за решение на проблемот да донесе  капитал и да се раздолжи кон сите доверители и да продолжи да работи или да оди под стечај доколку поминат 45 дена од неговата блокада, појасни Анѓушев.

Можеби ќе ве интересира

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува