ДВЕ ПОКРАИНИ СЕ ИЗДВОЈУВААТ: Има мало зголемување на невработеноста во Германија

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2023 18:29
Малку се зголемила невработеноста во Германија. Највисоки стапки на невработеност сè уште има во сојузните покраини Берлин и Бремен, а најниски во Баден-Виртемберг и Баварија.
Невработеноста изнесувала 5,9 отсто во ноември, а била 5,8 отсто во октомври, објави денеска германската Федерална канцеларија за труд. Бројот на невработени во Германија се зголемил за 22.000 лица, односно има вкупно 2,702 милиони невработени.
На годишно ниво, бројот на невработени е зголемен за 175.000 во однос на ноември лани. Во ноември во Германија имало 733.000 слободни работни места или 90.000 помалку од истиот месец минатата година. Инфлацијата во еврозоната се намали повеќе од очекуваното на 2,4 отсто во ноември, што е најниско во последните две години.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Огромен интерес и внимание за македонската делегација на глобалниот самит во Баку – Силјановска и Божиновска во центарот на глобалните дискусии

СТАНБЕНА КРИЗА ВО ЕВРОПА: Речиси 900.000 луѓе се без дом

АМЕРИКАНЦИТЕ ОЧЕКУВААТ ПОСКАПУВАЊЕ НА НАМИРНИЦИТЕ: Колку се задоволни од работата на Трамп?

„РОДИ МЕ МАЈКО МАЖ И ЌЕ МЕ СТАВАТ ЗА ДИРЕКТОР“ - посилниот пол доминира во управите на најмоќните македонски компании, а „женските“ фирми имаат повеќе успех

„АКО ЕУ НЕ ЈА УКИНЕ ТАРИФАТА ЗА ВИСКИТО, ЌЕ СЛЕДИ ЦАРИНА ОД 200 ОТСТО ЗА ВИНОТO“: Продолжува царинската војна меѓу САД и Европа

JK Travel по втор пат прогласена за најдобра е-продавница за туристички услуги

РАСПРОДАЖБА СО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ ДО 70 ОТСТО ВО ПОЗНАТ СПОРТСКИ БРЕНД: Компанијата затвора од 1. април по една деценија постоење
ИНВЕСТИТОР ОД АБУ ДАБИ ЌЕ ИНВЕСТИРА 2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО КРИПТО БЕРЗАТА БАЈНЕНС: Ова е најголемата поединечна инвестиција во крипто компанија
