„РОДИ МЕ МАЈКО МАЖ И ЌЕ МЕ СТАВАТ ЗА ДИРЕКТОР“ - посилниот пол доминира во управите на најмоќните македонски компании, а „женските“ фирми имаат повеќе успех

Објавено во: Економија 13 Март, 2025 14:51
Берзата и оваа година направи анализа колку жените се застапени во управните и раководните органи и тела на компаниите кои се котирани на македонскиот пазар на капитал, а таа покажува дека мажите и натаму се најпосакувани „шефови“ во македонскиот бизнис, иако компаниите раководени од жени остваруваат многу подобри резултати.
„Во функција на зајакнување на општествената свест за постигнување на поголема родова рамноправност, Македонска берза и оваа година објавува ажурирана анализа за структурата на органите на управување кај котираните акционерски друштва“, велат од Берзата.
Анализата покажа дека на Берзата има 87 котирани компании, при што во ова истражување не се влезени оние компании кои се суспендирани од котација. Во овие акционерски друштва има 549 членови во органите на управување.
Од вкупно 549 членови во органите на управување на котираните акционерски друштва, само 26,6 отсто се жени.
И, следува уште полош процент за највисоките раководни функции, имено, од сите извршни директори или претседатели на управни одбори на котираните компании, само 16,7 проценти се жени.
Што се случува, пак, со компаниите кои се „кремот“ на македонскиот бизнис, односно со оние кои го сочинуваат главниот македонски берзански индекс МБИ10.
Од 10 компании, само една има жена за извршен директор, сите други деветмина се мажи.
„Во МБИ10 компаниите, 27,8 отсто од членовите на органите на управување се жени, а само една компанија е управувана од жена извршен директор или претседател на Управен одбор.
Кои дејности најмногу прифаќаат жени за директорки? Верувале или не тоа е земјоделството, каде дури 38,71 отсто од членовите во органите на управување се жени.
А, најнепожелни како шефици жените се во осигурителната дејност, каде на раководни позиции се само 11,11 отсто.
„Френдли“ за жените е и трговијата, со 34,8 отсто жени на раководни позиции,а во категоријата не толку е фармацијата, со 17,8 проценти.
Во банкарството жени директорки се 26,5 отсто, а во градежништвото 25 проценти.
Кога станува збор за тоа колку жени се „први луѓе“ на компанијата, топ 5 дејности со најголем број жени извршни директори или претседатели на управните одбори од котираните компании се прво трговијарта, со 41,7 отсто, па угостителството со 25 отсто, по него следува земјоделството со 20 проценти, потоа 14,3 отсто има банкарството и 12,5 отсто имаат услугите.
Најголем број на жени извршни директори или претседатели на управните одбори кај котираните компании има во дејностите трговија, угостителство, земјоделство, банкарство и услуги.
А, како што говори берзанската анализа, котираните компании управувани од жени директори или претседатели на управен одбор, во 2024 година, почесто оствариле добивка, во споредба со котираните компании управувани од мажи.
Па така, процентот на АД со жени директори или претседатели на УО кои оствариле добивка или загуба во 2024 година е 88,2 отсто, додека пак кај оние друштва со мажи на тие позиции овој процент изнесува 77,5 отсто.
Трендот дека котираните компании управувани од жени директори или претседатели на управени одбори почесто остваруваат добивка е најизразен во 2024 година.
Котираните компании кои оствариле добивка во 2024 година имале повеќе жени во органите за управување, споредено со компаниите кои забележале загуба.
Н.Н.Ф.Можеби ќе ве интересира
Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?
