Две земји ќе ги урнат надежите на Западен Балкан за ЕУ?
Објавено во: Свет 01 Мај, 2019
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон им навестија на лидерите на земјите од регионот за малите шанси за влез во блокот и им порачаа за тоа време „да ги средат работите дома“, пишува весникот „Фајненшел Тајмс“.
Весникот наведува дека Макрон е фокусиран на неопходноста од „политичка стабилност“ во регионот. Тој вели дека Париз стои на располагање за клучните економски, социјални и безбедносни реформи како и реформите во областа на владеење на правото пред да отпочне процесот на проширување на ЕУ.
Британскиот весник пишува дека Меркел и Макрон биле домаќини на самит поради загриженост за развој на настаните во регионот и покрај, како што стои во текстот, успехот без преседан во врска со постигнатиот договор за името меѓу Македонија и Грција.
Во врска со косовското прашање се подвлекува противењето на Меркел за било какво решение меѓу Белград и Приштина што ќе опфаќа размена на територии што, потенцира весникот, го поддржуваат Брисел и Вашингтон.
„Фајненшел Тајмс“ потсетува дека ЕУ веќе долго време говори за можноста за влез на земји од Западен Балкан во Унијата со цел поттикнување на економскиот напредок и подобрување на пошироката регионална стабилност.