ЏАФЕРИ, РУСКОСКА, ИВАНОВСКА, СПАСОВСКИ - сите да се вклучат во истрагата околу Еуростандард банка
Објавено во: Економија 27 Август, 2020
Сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски, денеска упати јавен повик до повеќе институции и личности во земјава, со барање да се вклучат во истрага околу стечајот на Еуростандард банка, за која уверува дека изобилува со многу недоследности.
Јавниот повик е упатен до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, до Обвинителството за организиран криминал, до Антикорупциска комисија на Република Северна Македонија, како и до Министерството за Внатрешни работи.
„Јас, Трифун Костовски ги повикувам горе наведените институции да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка, кој изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука. Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас“, пишува Костовски во својот допис до јавноста.