18 Мај, 2024
0.0317

ЏЕВАТ ИСЕИНИ СЕ ОБРАТИ ДО АЛБАНЦИТЕ - државен јазик во нашата татковина е македонскиот, а никој никогаш не забранил да се користи албанскиот

Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Интересна објава се појави на фејсбук од човек кој е етнички Албанец, но кој упатува многу прецизна порака до неговите сограѓани Албанци кои живеат во оваа држава.

Станува збор за Џеват Исеини, кој е член на СДСМ, а кој своевремено беше претседател на Одборот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, но потоа беше разрешен заради спорна фотографија која ја објави на својот профил.

Во својот најнов пост на фејсбук, Исеини укжува дека во нашата држава државен јазик е македонскиот и тој секогаш ќе го почитува, иако, како што вели, никој никогаш не им забранил на Албанците во земјава да го користат или да пишуваат и на албански јазик. Вели дека политичарите во земјава цело време оделе на тој патриотизам, или раздели па владеј, а треба да бидат свесни дека Албанците во земјава секогаш ги уживале сите повластици на државата, како што е плата, пензија или социјална помош. Затоа и смета дека не треба да се прават големи патриоти и да велат дека не го познаваат македонскиот јазик. Исеини вели дека ова ќе го има како ств без разлика на предупредувањата што ги добива преку месинџер, и ги моли Албанците да го почитуваат суверенитетот, интегритетот и соживотот во нашата татковина.

„Би сакал да се обратам јавно без некој да се навреди, да се почувствува понижен или омаловажен...Правото е лично мое како Јас ќе настапувам со моите објави, на кој начин ќе ги пишувам и во кој стил.

Мојот стил е државен од мојата држава. Многу често стигнуваат скриени критики во мојот месинџер дека не сум ја почитувал двојазичноста. Овде малку да ги разјасниме јавно некои работи..... Никој не ми го скратил правото да пишувам на албански но ни на македонски. Македонскиот ми е државен јазик каде и секогаш го почитувам и ќе го почитувам јазикот на државата, а Албанскиот ми е мајчин каде никој никогаш ниту ми го скратил правото да го зборувам, да го пишувам или користам. Мојот круг во мојата држава е многу голем каде сакам и моите сограѓани на мојата држава точно да разберат што пишувам и што објавувам, а убеден сум во тоа дека поголемиот дел на Албанците кои живеат во нашата држава добро го владеат македонскиот јазик, го читаат а и го пишуваат, а зошто се прават скриени патриоти во позадина демек им пречи мојата објава кога во секојдневието каде ги користи сите повластици на државата, плата, пензија, социјална помош тогаш добро го познаваат државниот јазик.

Со векови се манипулира со јазик односно двојазичност, знамиња, протести, политичка пропаганда, а всушност тоа е по секоја цена како да се манипулира со слабоста на обичниот граѓанин во нашата држава или добро кажано народно.... Раздели па владеј.

Во нашата држава сакаме да живееме слободни, без предрасуди, без политички притисоци и поделби. Во секоја државна институција, во јарболите кои се поставени е поставен државниот симбол ЗНАМЕ. На секој празник од држава каде мнозинството се во нашата држава се дозволува да се постави и нивниот симбол. Но никогаш не би можел да се симне од јарболите Знамето на нашата држава. Нашата држава е толерантна, големодушна и премногу достоинствена да може да ги поднесе разните култури и обичаи. Овие толеранции ги има само кај нас. Затоа... Ве молам почитувајте го и чувај те го суверенитетот, интегритетот за соживот во нашата татковина.

Се ова е на нашите предци, на нас сегашниве, на идните генерации, на идните поколенија, современа и културна држава за сите граѓани што живеат во неа.

А дали на некого ќе му се допаѓа мојата објава дали е на македонски или не тоа е негово право“, напиша Исеини на фејсбук. 

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање