Џихадистите почнаа да бегаат од Мосул
Објавено во: Свет 20 Октомври, 2016
Раководството на „Исламска држава“ и дел од нејзините борците изгледа го напуштаат Мосул поради напредувањето на ирачките сили кон градот.
Ова го изјавил командантот на копнените операции на меѓународната коалиција на САД против џихад групата генерал Гери Волески, пренесоа светски агенции.
Тој рекол дека „Исламска држава“ спроведува главно операции за да добијат на време и најверојатно ќе отстапува од територија, за да може да се зацврсти во густо населените области на Мосул, каде што ќе може да компензира технолошка предност на коалицијата.
Соработката меѓу ирачките владини сили и курдските одреди Пешмерга е уредна, рекол уште Волески и додал дека засега нема знаци за големи движења на бегалци.
Во понеделникот, ден пред почетокот на операцијата, ОН предупреди дека до 100 000 Ирачани може да избегаат од Мосул во Сирија и Турција.