Џиновско евро кај скверот во Буњаковец
Објавено во: Економија 13 Септември, 2018
Фото: Макфакс
Џиновско евро осамна кај скверот пред Порта Буњаковец каде што постојано има интересни уметнички инсталации во последните години.
Поставено е од група на урбани уметници од Скопје во знак на поддршка за приближувањето на Македнонија кон ЕУ во рамки на граѓанската акција „Зачекори напред, изборот е твој“.
„Се надеваме дека набргу ќе дојде денот кога шарпланинецот, рисот, охридската пастрмка и другите наши симболи ќе заблескаат на монетите на еврото“, велат од групата урбани уметнички акции, појаснувајќи дека секоја земја членка на ЕУ по прифаќањето на eврото како валутa има право на монетите да ги аплицира своите симболи.
Оттаму сметаат дека со оваа акција на граѓаните пластично ќе им се прикаже што значи идното членство во ЕУ и барем за момнет ќе се прошара сувопарниот предреферендумски пејзаж во Македонија.