ДЗС нема да бара продолжување на рокот за пописот
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2021
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, за ТВ21 изјави дека нема потреба од пролонгирање на рокот за спроведување на пописот, бидејќи е убеден оти целиот процес ќе биде комплетиран навреме.
Дел од граѓаните се жалат дека попишувачите воопшто не дошле во нивните домови.
Граѓаните можат да се попишат и на локации во своите општини.Претходно, се споменуваше дека е можно во земјава да има 1.8 милиони граѓани. Но, пописот ќе ги даде точните податоци.