14 Мај, 2024
0.0238

ДЗС: Невработеноста во Македонија минатата година изнесувала 13,1 отсто

Објавено во: Економија 20 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Согласно најновите податоци на Државниот завод за статистика, во 2023 година, стапката на невработеност во Македонија изнесувала 13,1 процент. 

Имено како што е наведено во соопштението на ДЗС, активното население во Република Северна Македонија изнесува 791.647 лица, од кои вработени се 688.296, а 103.351 лица се невработени. 

- Стапката на активност во овој период е 52,3, стапката на вработеност 45,4, додека стапката на невработеност изнесува 13,1 отсто - пишува во соопштението. 

Од ДЗС потенцираат дека овие резултати не се споредливи со претходните години поради имплементацијата на новата Регулатива (ЕУ) бр. 2019/1700 на Европскиот парламент и Советот, како и соодветната извршна регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 2019/2240 во областа на работната сила, поради што Регулатива (ЕЗ) бр. 577/98 е укината. 

- Примената на новата регулатива предизвика промени во истражувањето, вклучувајќи ги промените во дизајнот на прашалникот, редоследот на прашањата, преместување и додавање нови прашања, како и промени во опфатот и дефинициите за вработеност и невработеност. По извршената анализа е утврдено дека промените имаат влијание врз работоспособното и неактивното население поради промената на возраста (од 15 до 79 на 15 до 89 години), додека кај активното население промени не се забележани. Споменатите промени предизвикаа прекин на временските серии на податоци за работоспособното и неактивното население - укажа Државниот завод за статистика во соопштението. 

Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра