26 Април, 2024
0.5158

Еден човек контролира колку се веродостојни енергетските сертификати на зградите

Објавено во: Економија 16 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Само еден човек во 2019-та ќе контролира колку се веродостојни издадените сертификати за енергетската ефикасност на зградите по консултации со енергетските контролори, лиценцираните фирми и здруженијата на инжинери и архитекти. 

Ова е предвидено во објавениот план за работа на Агенцијата за енергетика за оваа година, а самата институција во истиот бара нови вработувања и обуки на кадрите бидејќи не може ефикасно да го постигне она за што е надлежна. 

Институцијата која поттикнува мерки за енергетската ефикасност и работи на услови за зголемено користење на обновливи извори на енергија во 2019-та ќе работи со буџет од околу 12 милиони денари, од кои половина ќе одат за плати на 15-тина вработени. Од таму бараат од министерствата да им одобрат вработување на потребни ИТ-техничар, електроинженер и машински инженер. Бараат вработување на барем едно лице.

- Само така екипиран и обучен кадар ќе може ефикасно да учествува во работните групи и комисии кои ќе предлагаат иницијативи за измени на законските прописи во склад со законодавстото на Европската унија, во спроведување на локални и регионални проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, изработка на национални извештаи за остварените заштеди на енергија преку спроведување на мерки за енергетска ефикасност како и степенот на искористување на обновливите извори на енергија, извршување на надзор и контрола на квалитеот на извршените енергетски контроли и издадени сертификати за енергетски карактеристики на згради и други активности кои значат поддршка на Владата на Република Македонија во спроведување на енергетската политика, се вели во барањето на агенцијата.

Покрај сертификати за зградите, еден човек ќе ги контролира програмите на општините за енергетска ефикасност, двајца вработени ќе работат извештаи за заштеда на енергија, а двајца ќе ја следат потрошувачката на јавниот сектор, додека по уште двајца ќе издаваат потврди за постројки за обновливи извори на енергија и ќе го следат потенцијалот на ветерот. 

Во средината на 2017 година, покрај директорот, во Агенцијата за енергетика 10 лица биле редовно вработени и тоа: 1 политиколог, 2 дипломирани правника, 3 економисти , 1 електро инжинер, 1 машински инжинер, 1 шумарски инжинер и 1 лице со средно електро-машинско училиште. 

- Агенцијата редовно поднесува развојни стартешки планови односно годишни програми за работа но поради повеќе годишни буџетски рестрикции истетите не може да ги оствари во целост. Истото се рефлектира и можноста за вработување на кадри кои се потребни на Агенцијатаод ИТ, машинската и електро струка - се додава во планот.

Во дел од своето работење ова тело се потпира и на меѓународни и домашни донации.

A.K.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина