14 Декември, 2025
0.1115

„ЕДЕН ДЕН МИ СЕ ПРЕЗЕНТИРАШЕ КАКО ЧЕСЕН ПРОФЕСОР, А ДРУГ ДЕН КАКО МАФИЈАШ“: Арсовска за Мицкоски - „цела година седеше со мене“

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2025 07:10

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, која деновиве е посебно актуелна со откривање криминал со дивоградби во општина Чаир, истакна дека премиерот Христијан Мицкоски се обидувал да ја девалвираат, само за да се заштитат себе си.
„Ќе застане ли некој на патот на криминалците МИЦКОСКИ и ВЛЕН?

Не само што не постапуваат по пријавените неправилности и очигледниот криминал кој се случува во општина Чаир, поткрепен со докази и аргументи, тие продолжуваат да се заштитуваат меѓусебе и да се закануваат со некаква „дестабилизација“.

Апелирам и до институциите кои би требало да се против насилие врз жените, меѓународните организации во Македонија, до амбасадите и до сите останати граѓански организации кои се занимаваат со борба против корупцијата, но и со дискриминацијата и шовинизмот.

Христијан Мицкоски денес во недостаток на одговор за сомнежите на неговите бизнис партнери од Чаир почнаа да ме девалвираат со разноразни мизогени и шовинистички придавки и навреди.

Да го потсетам Мицкоски, немирот кој го видел во мене е кога СЕКОЈ ДЕН ЦЕЛА ГОДИНА СЕДЕШЕ СО МЕНЕ И КОВАШЕ ПЛАНОВИ ЗА КРИМИНАЛ во Град Скопје.

Политичката дезориентација која ја забележал кај мене е кога СЕКОЈ ДЕН СЕДЕЈЌИ СО МЕНЕ во разговорите ЕДЕН ДЕН МИ СЕ ПРЕЗЕНТИРАШЕ КАКО ЧЕСЕН ПРОФЕСОР, А ДРУГ ДЕН КАКО МАФИЈАШ.

Ќе застане ли некој на патот на овие криминалци, на патот на овие шовинисти? Има ли меѓународен фактор во земјава, има ли невладини организации за заштита на жените од напади, дискриминација и шовинизам?“, напиша таа на фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово