21 Септември, 2020
0.0328

ЕДЕН ПО ЕДЕН ЏАФЕРИ ГИ ПРОЗИВАШЕ ПРАТЕНИЦИТЕ, тројца се отсутни од првата седница, Шахпаска претседател на Верификациона

Објавено во: Македонија 04 Август, 2020

Еден по еден спикерот Талат Џафери ги прозиваше новите пратеници по име и презиме, на Конститутивната седница на новиот собраниски состав. 

Тие со кревање картонче го потврдуваат своето присуство. Присутни беа 117 пратеници, а тројца беа отсутни. 

Така ќе се одвиваат и наредните точки кои се на дневен ред.

Џафери е ревносен во произивањето и се гледа дека е во подобра здравствена состојба по излегувањето од Инфективна клиника. 

Седницата, место во сала Македонија, се води во Големата сала, позната на јавноста како Голема купола, каде има место за 600 лица, а на соодветна дистанца, со маски, пратениците место електронски, креваат картончиња за гласање. Причина за ова е коронавирусот.

Според дневниот ред, денеска прво се избира претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието. За претседател на оваа Комисија беше избрана Јагода Шахпаска од СДСМ.

Потоа следува верификација на мандатите на пратениците, избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици во собраниската Комисија за прашања за изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. Денеска има многу мала веројатност да биде избран нов претседател на парламентот, бидејќи тоа би значело дека е формирано владиното мнозинство, што не е случај, туку токму денеска треба формално да започне. 

Некои од пратениците своите картончиња за гласање, ги користеа и за разладување.

Можеби ќе ве интересира

Две фирми „лапнаа“ милионски тендер на МВР: За колку вози полицијата?

Две фирми „лапнаа“ милионски тендер на МВР: За колку вози полицијата?

(ВИДЕО) Ваучери, домашни гости, пеколни журки - Како Охрид се справи со КОВИД-19 кризата?

(ВИДЕО) Ваучери, домашни гости, пеколни журки - Како Охрид се справи со КОВИД-19 кризата?

МАЛEШЕВИЈА: Добар род на аронија и слива, еве колку може да заработите

МАЛEШЕВИЈА: Добар род на аронија и слива, еве колку може да заработите

Нема целодневен престој во училиштата, градинките може повторно да затворат: Комисијата за заразни болести пред важни одлуки

Нема целодневен престој во училиштата, градинките може повторно да затворат: Комисијата за заразни болести пред важни одлуки

Денеска нов протест на мајките: Ќе попушти ли Владата за седење дома

Денеска нов протест на мајките: Ќе попушти ли Владата за седење дома

Пратеничка на ДУИ: Вработувањето Албанци е наша обврска

Пратеничка на ДУИ: Вработувањето Албанци е наша обврска

Полицијата го пронајде и го приведе родителот што нападна доктор

Полицијата го пронајде и го приведе родителот што нападна доктор

Се очекува утре одлуката на Врховен да пристигне до Кривичен, полиција се уште пред домот на Јанкулоска

Се очекува утре одлуката на Врховен да пристигне до Кривичен, полиција се уште пред домот на Јанкулоска

Комити: Наши членови не требаше да влегуваат во конфликт со граѓани кои не се навивачи

Комити: Наши членови не требаше да влегуваат во конфликт со граѓани кои не се навивачи