26 Април, 2024
0.0693

ЕДЕН РЕГИОН, ЕДНА ЕКОНОМИЈА

Објавено во: Економија 16 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

17-тата Седница на Управниот Одбор на Коморскиот инвестициски форум донесе одлука за формирање на посебно тело за заедничко привлекување на инвестиции, заеднички настап во Берлин, Дубаи и Шангај, отворање на канцеларија и фондација на КИФ во Скопје и договор за понатамошна соработка со ЕБРД

1.

КИФ донесе одлука за формирање посебно тело за привлекувањe инвестиции за земјите од регионот, кое има за цел да ги вмрежи компаниите од 6-те земји на Западен Балкан (Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина). Ова значајно тело ќе го предводи Данило Цицмил – клучен човек во кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, магистрант на Хартфорт (САД), човекот во чиј мандат од 2017 година до денес, Србија има раст на странски директни инвестиции од 1,3 милијарди евра во 2014 година, на 3,8 милијарди евра во 2019 година, и има донесено над 200 фабрики од повеќе различни индустрии.

Развојот на заедничкиот регионален пазар, како единствена инвестициска дестинација  логично ја промовира одлуката за заеднички настап на Берлинскиот самит на 30 јуни 2021 година, Дубаи ЕКСПО на 1.10.2021 година и Кинескиот интернационален саем на 5.11.2021 година.
Вчера, за прв пат, заменик претседателот на Владата, Фатмир Битиќи, ја промовираше идејата на македонската Влада и Стопанската комора на Северна Македонија за изедначување на условите за инвестирање во рамките на КИФ со што би се намалила меѓусебната конкуренција. 

2.

Конечно Скопје станува седиште на претставништвото на КИФ и на новата фондација за поддршка на неговите активности. 
Коморскиот инвестициски форум е основан 2015 година и ги застапува интересите на 350.000 компании на 6-те земјите од Западен Балкан.


3.

Во рамките на активностите во Белград, претседателот Азески, имаше средба и со стариот и новиот директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во Белград, задолжени за цел Западен Балкан (Сузана Харгитаи и Матео Колангели). На средбата со Бранко Азески како копретседател на Коморскиот инвестициски форум и д-р Татјана Штерјова Душковска, генерален секретар на КИФ стана збор за наредните активности на ЕБРД во земјите на Западен Балкан, за приоритетните проектни активности со фокус на инфраструктурата (енергија, телекомуникации и транспорт), но и на локалниот развој.  ЕБРД инвестираше над 2,5 милијарди евра во земјите на Западен Балкан. Има долгогодишно и ефикасно партнерство со Европската комисија и Европската агенција за реконструкција, како и билатерални односи со Пактот за стабилност за Југоисточна Европа. Паралелно и заеднички се работи на поддршка на процесот на транзиција и промовирање на приватниот сектор и развој на инфраструктурата во земјите од Западен Балкан.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката