27 Април, 2024
0.0300

Единствената цел на албанскиот политички блок е спроведување на фингиран попис, велат од Левица

Објавено во: Македонија 03 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Од Левица повикуваат албанските партии да престанат со анти-европските политики. 

Велат дека изјавите на Бујар Османи, Артан Груби и Халил Снопче дека нема да прифатат попис без попишување на дијаспората јасно покажуваат дека единствената цел на албанскиот политички блок е спроведување на фингиран попис, спротивно на препораките на Еуростат.

„Имено, тврдењето на вицепремиерот Груби дека дијаспората е дел од населението и истата се брои, е во директна контрадикција со ЕУ-регулативата која предвидува дека „оние кои живеат или се очекува да живеат надвор од местото на попишување во период од една година или повеќе, нема да се сметаат за привремено отсутни и истите ќе бидат исклучени од вкупното население. Дополнително, изјавите на Алијанса и Алтернатива дека одложувањето на пописот е на штета на албанското население само демонстрира колку се алиенирани албанските политички елити од реалните потреби на обичните граѓани. Настојувањето да се спроведе попис кога Македонија е трета држава по прекумерна смртност е доказ дека таканаречените албански партии, освен национал-шовининизам и меѓуетнички хушкања, нема што друго да понудат на обичниот Албанец. Токму од ваквите политички мотивации на пописот доаѓа и сета оваа засилена кампања за насилничко спроведување на истиот, спротивно на сите меѓународни препораки, а со единствена цел зачувување на рамковните привилегии, од кои единствено бенефиции добија криминалците од ДУИ“, стои во соопштението на Левица. 

Додаваат  дека и СДСМ е дел од ваквите заткулисни договори, кои и во минатото покажаа дека се спремни да ги погазат сите воспоставени национални и меѓународни норми и принципи, само за спас на својата криминална коалиција. 

„Левица повторува дека нема да учествува во попис без промена на Законот за попис согласно европските стандарди, а во меѓувреме ги повикуваме партиите на власт да престанат со насилничките анти-европски политики кои Македонија ја трансформираа во хибриден режим“, додаваат од Левица. 

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија нема да ги признаат резултатите од пописот ако тој не се спроведе по правилата на Еуростат. Партијата бара дијаспората да не се смета во вкупното население на државата, затоа што како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е спротивно на  европската методологијата. 

Можеби ќе ве интересира

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите