26 Април, 2024
0.0276

Како му врви бизнисот на „Cineplexx“ во Македонија ?

Објавено во: Економија 08 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Cineplexx е единственото комерцијално кино во Македонија и има убедливо најголем број на проекции и прикажани филмови во 2018 во споредба со сите други, но тоа не било  доволно за да оствари добивка минатата година, односно да го избегне работењето со загуба. Приходите на најпопуларниот киноприкажувач во Македонија лани биле 114 милиони денари, според податоците од Централниот регистар за 2018, но од друга страна се прикажани расходи од 137,1 милиони денари. Според тоа, австриската компанија, со 24 вработени во Македонија, остварила загуба од 22,5 милиони денари.

Она што како позитивно може да ги радува е растот на приходите. Во 2017 тие биле помали и изнесувале 107 милиони денари. Сепак, растат и трошоците. Пред една година претходно и тие биле исто така помали и тоа 130 милиони. Според тоа, загубите со мали разлики, се исти и во 2018 и 2017.

Околу половина од приходите на Cinepelxx МК се од продажба на билети, според евиденцијата од Агенцијата за филм. Во  Еден од изворите на приходи на Агенцијата за филм, според законот, е 5 отсто од приходот на киноприкажувачите. Уплатата за овој приход изнесувала 3,16 милиони денари, а како единствен од приватниот сектор се прикажува Cineplexx, па според тоа приходите од продажбата на билети се очекува да биде над еден милион евра.

Во 2017, задолжитената уплата на Синеплекс на сметката на Агенцијата за филм е 2,98 милиони денари. Тогаш Cineplexx во Македонија остварил приход од билети од 60,5 милиони денари. Има убедливо најголем број на продадени билети од сите други киноприкажувачи со вкупно евидентирани 325.743 влезници. Бројот на проекции бил убедливо најголем во споредба со сите други - 12.750, а се прикажале 169 различни филмови во текот на годината. Во просек еден билет би чинел 185 денари.

Други поголеми киноприкажувачи во Македонија за Младинскиот културен центар, Кино „Милениум“ Скопје и Центар за култура Битола, но тоа се непрофитни друштва. И други центри на култура имаат кино опрема, но дадена на времено користење.

„Cineplexx“ е кино со најсовремена дигитална опрема. Австриската групација во текот на 2011 и 2012 година се шири на Балканот, а во Скопје Сити Мол присутна е од самото отворање.

Други приходи на компанијата, покрај проекција на филмови, се закупот на салите за други настани, рекламирање на самото платно, продажба на производи и организирање други забавни активности.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9